Фото: КТВ Телевизија, принтскрин

Кавадарчанецот Илија Панов осуден на 16 години затвор за убиството на вонбрачната партнерка Сузана

Кавадарчанецот Илија Панов е осуден на 16 години затвор за убиство на неговата вонбрачна партнерка Сузана. Злосторството го направил годинава на 22 јануари, а телото на Сузана го пронајде нејзината ќерка.

Злосторството се случило меѓу 20 и 22 јануари годинава во Кавадарци. Телото на 49-годишната жена било пронајдено на 22 јануари во нејзиниот дом на улицата „Ѓуро Салај“. Сузана лежела во спалната соба, зад вратата, а просторот бил целосно разфрлан – траги кои покажувале дека претходела брутална семејна расправија.

Трагичниот момент го открила нејзината ќерка, која дошла кај мајка си откако не ѝ одговарала на телефонските повици.

Според кажувањата на жителите на Кавадарци, Сузана имала тежок живот, исполнет со социјални и здравствени предизвици, а за Илија истакнуваа дека долги години се борел со зависност од дрога и проблематично однесување.

„Панов при вршење семејно насилство ја лишил од живот својата партнерка. Обвинителниот акт утврдил дека тој, свесен за своите постапки, насилно ѝ го затворил носот и устата, предизвикувајќи механичко задушување. Обдукцијата ги потврдила овие наоди. ДНК траги беа најдени под ноктите на жртвата, а кај Панов беше констатирано дека во исказите има висок степен на лага. Тој се обидуваше да создаде алиби дека не ја убил жртвата, односно дека не бил во домот во критичниот момент.

За делото што го сторил – убиство извршено при семејно насилство – законот предвидува максимална казна доживотен затвор. Сепак, судот денеска му изрече казна затвор од 16 години.

Обвинение за бруталното убиство во Кавадарци: Ја задушил вонбрачната партнерка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот