Кавадарчанец измамил кумановка за 9.000 евра — ја убедил дека ќе ѝ „среди“ за странски пасош
Полицијата вчера уапси 32-годишен кавадарчанец кој измамил 50-годишна жена од Куманово за 9.000 евра, ветувајќи ѝ дека ќе ѝ помогне да добие странски пасош.
Препорачано
Полицајци го уапсиле осомничениот, со иницијали М.Д., во 13:50 часот на градскиот плоштад во Кавадарци.
„Според пријавеното, тој и ветил дека ќе и посредува за добивање на странски пасош за 400 евра, а потоа и барал повеќе парични средства и за кратко време му дала вкупно 9.000 евра и сѐ уште продолжил со побарувањата. По преземените мерки, кај него биле пронајдени 2.000 евра, кои ги земал од пријавителката, а кои претходно биле криминалистичко – технички обработени од полициски службеници од ОВР Кавадарци,“ соопшти МВР.
Уапсениот бил задржан во полициска станица, а потоа бил изведен пред јавен обвинител, каде што го признал делото.
По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за „измама“ по член 247 став 1 од Кривичниот законик.
Измамник прелажал лековерна жена од Неготинско, му дала 50.000 денари за „трошоци за одобрување“
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
13мин
-
23мин
-
43мин
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


