Катар им забрани да играат во бикини, Германките се повлекоа од турнирот

epa08683745 Nadezda Makroguzova of Russiain action during the women's 3rd place match with compatriot Svetlana Kholomina against Barbora Hermannova and Marketa Slukova of Czech Republic at the 2020 CEV Beach Volleyball European Championships in Jurmala, Latvia, 20 September 2020. EPA-EFE/TOMS KALNINS

Неверојатни работи се случуваат во одбојка на плажа.

Турнирот во одбојка на плажа кој во март треба да се одржи во Катар, можно е да доживее фијаско. Имено, катарските власти одлучија да забранат носење на бикини за време на турнирот и бараат од учесниците да носат маички и долги панталони. Т
Тоа не им се допадна на добар дел од учесниците, посебно на Германките кои одлучија да го бојкотираат турнирот.
– Ние сме тука да ја работиме нашата работа, а тие не попречуваат да ја носиме нашата облека. Тоа е единствена земја и единствен турнир кој ни одредува на кој начин треба да работиме и да се облекуваме – изјави Карла Боргер која требаше да биде дел од турнирот во Катар.

Ова ќе биде прв пат турнир во одбојка на плажа во женска конкуренција да се одржува во Катар, досега се одржани седум турнири во машка конкуренција и на нив немаше никакви рестрикции во врска со носењето на костимите за капење. Организаторот бара од учесниците „да ја почитуваат културата и традицијата“, додека Карла смета дека можеби и би се согласила на нивните барања доколку нема високи температури.
– Се прашуваме дали навистина е потребно да се одржува турнир таму – вели Боргер.

Нејзината партнерка во одбојка на плажа, Јулија Суде, вели дека Катар веќе еднаш направил усклучок кога за време на Светското првенство во атлетика 2019 година им дозволи на атлетичарките да настапуваат со гардеробата со која настапуваат низ целиот свет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот