Кастратовиќ: Нека биде уште подобар пласман на Македонија на европските шампионати

Македонската женска сениорка ракометна репрезентација/фото: macedoniahandball.com.mk

Македонската женска сениорска репрезентација се подготвува за настапот на Европското првенство кое ќе се одржи од 4 до 20 ноември 2022. Овој голем настан ќе се организира во три земји Македонија, Словенија и Црна Гора. Избраничките на селекторот Љубомир Савевски натпреварите од прелиминарната рунда ќе ги играат во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“.

Нашата селекција сите три натпревари од групата „Ц“ ќе ги игра од 18.00 часот, најпрвин во првото коло против фаворитот во групата, Франција, потоа на 7 ноември ривал е Холандија, а на 9 ноември селекцијата на Романија. Првопласираните три репрезентации од секоја група ќе се најдат во главната фаза на ЕП.

Со големо внимание ова Европско првенство ќе го следи и поранешната репрезентативка, една од најдобрите во историјата на македонскиот женски ракомет, Индира Кастратовиќ.

Најдобриот пласман Македонија на континенталните собири го имаше во 2008 година (кога само нашата земја беше домаќин), со освојување на седмото место.

– Да направиме нешто на што можеме да се гордееме, еве нека не биде тоа седмо место, нека биде уште подобар пласман. Мислам дека можеме, само треба сите во Македонија да се сплотиме како едно. Сите една репрезентација, сите да работиме за таа цел за една многу убава наша промоција – ни изјави Кастратовиќ.

ВИДЕО: Играме со срце – дојдете и навивајте за македонските ракометарки на Европското првенство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот