Фото: Профимедиа

Кардиолозите: Престанете да ги јадете овие 3 популарни видови месо ако сакате да го зачувате здравјето на срцето

Месото е важен дел од исхраната на многу луѓе, но не сите видови месо се подеднакво корисни за здравјето – особено кога станува збор за крвниот притисок и здравјето на срцето. Одредени видови месо, особено оние богати со натриум, заситени масти и конзерванси, можат да придонесат за хипертензија (висок крвен притисок), да го зголемат нивото на холестерол и да го зголемат ризикот од срцеви болести. Експертите предупредуваат дека некои видови месо можат да имаат штетно влијание врз кардиоваскуларниот систем и треба да се консумираат умерено или да се избегнуваат.

Некои од најлошите виновници го вклучуваат месото, велат кардиолозите д-р Мајкл Рос Мекдоналд и д-р Леонард Ганц.

Виршли

Иако се едни од најпопуларните и најпрактични намирници за подготовка на оброк, виршлите се еден од најлошите видови преработено месо за здравјето на срцето.

– Вршлите се богати со заситени масти и натриум, што може да придонесе за развој на срцеви болести – вели кардиологот д-р Мајкл Рос Мекдоналд за „Ши фајндс“ (SheFinds).

Заситените масти го зголемуваат ризикот од таложење на наслаги (плак) во артериите, стеснувајќи ги и ограничувајќи го протокот на крв. Покрај тоа, високата содржина на натриум може да предизвика задржување на течности, дополнително оптоварувајќи го срцето и зголемувајќи го крвниот притисок.

Сланина

Заедно со виршлите, сланината е исто така меѓу најнездравите преработени видови меса. Покрај тоа што содржи голема количина на заситени масти и натриум, може да има и дополнителни негативни ефекти и влијание на здравјето.

Кардиологот д-р Леонард Ганц предупредува дека црвеното месо како сланината може негативно да влијае на вашиот липиден профил, а најновото истражување сугерира дека бактериите во цревата произведуваат метаболит TMAO, кој може да го зголеми ризикот од болести на срцето, бубрезите и дијабетес тип 2.

– Преработените месо, како сланина и колбаси, содржи нитрати кои може да го зголемат воспалението и натриумот, што на крајот го зголемува крвниот притисок – додава д-р Грац.

Пржено пилешко

Многумина избираат пилешко како поздрава алтернатива на црвеното месо, но начинот на подготовка игра клучна улога. Прженото пилешко, без разлика дали е во форма на крцкави медаљони или сендвичи, носи бројни здравствени ризици.

Диететичарот Џеси Федер нагласува: „Похуваните пилешки прсти или прженото пилешко содржат многу високи количини на воспалителни заситени масти, калории и натриум“.

Овие масти можат да го зголемат ЛДЛ или „лошиот“ холестерол, што доведува до затнување на артериите и зголемен ризик од срцеви болести. Покрај тоа, прекумерниот внес на натриум може да го зголеми крвниот притисок, дополнително оптоварувајќи го срцето. Ова е причината зошто експертите препорачуваат да изберете печено пилешко наместо пржено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот