Кардиолог открива: Кои се петте најчести причини за инфаркт и како да го спречите

Фото: Профимедиа

Според Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), на секои 40 секунди некој доживува срцев удар.

Сепак, со промена на навиките на животниот стил кои вклучуваат здрава исхрана, откажување од пушење и консумирање алкохол, можеме да спречиме таков исход, а тоа го советува д-р Тарак Рамбатла, кардиолог кој ги открива петте најчести причини за срцев удар и советува како да го спречите тоа.

Пет причини зошто доаѓа до инфаркт

Според зборовите на лекарите, ова се најчестите причини за срцев удар:

– Неконтролирани ризични фактори за висок крвен притисок
– Високи нивоа на холестерол
– Игнорирање на советите на лекарот околу земањето лекови
– Историја на болести во семејството
– Прескокнокнување на превентивните прегледи за да се избегне ризичниот фактор и да се спречи болеста во појавувањето

Што предизвикува срцев удар

Доктор Рамбатла наведува дека најзначајната причина за срцев удар е затнувањето на самата празнина на срцевата артерија со згрутчување на местото на веќе постоечкото стеснување со атеросклеротичната плака. Меѓутоа, со откинување или пукање на делот од таквата плака, со движењето на крвта можат да отпловат негови фрагменти во долните, периферни делови на крвните садови и целосно да ги блокираат. Големината на срцевиот удар или на дел од срцето погодено од затната артерија првенствено зависи од областа којашто таа артерија ја снабдува со крв, од нејзиното разгранување, местото на самото затнување.

Кој спаѓа во ризичната група од настанување на инфаркт

„Високиот холестерол, дијабетесот, високиот крвен притисок и семејната историја на болести се ризични фактори, но важно е да се додаде дека не треба да се појават сите овие фактори, понекогаш само еден е доволен за да доведе до затнување на крвните садови и инфаркт на миокардот“, вели д-р Рамбатла.

Како да го одржите здравјето на срцето?

Доктор Рамбатла нагласува колку е важно да знаете на што сте и затоа е неопходно да одите на редовни превентивни прегледи, за да го проверите крвниот притисок, шеќерот во крвта и холестеролот. Исто така, важно е да го одржувате здравјето со здрав начин на живот. За да го одржите здравјето на вашето срце, секој ден треба да внимавате на правилна исхрана и да бидете физички активни (75 минути умерена активност секоја недела), но не е толку тешко како што изгледа – штом сфатите колку такви навики донесуваат придобивка за целиот организам.

– Спијте доволно, телото ќе ви биде благодарно, а крвниот притисок и фреквенцијата на срцето ќе бидат пониски.

– Како што треба да ја искористите секоја прилика да прошетате за време на работа, исто така одвојте половина час од вашето време после работа и вежбање или барем да разгибајте се.

– Истражувањата покажаа дека луѓето кои се сами и социјално изолирани умираат од срцеви заболувања два до три пати почесто, дури и кога нивната исхрана е совршена, отколку оние кои неправилно го прават тоа, но остануваат блиски и поврзани со другите.

– Зелениот чај е полн со антиоксиданти кои не само што ќе ви помогнат да изгубите тежина, туку многу студии покажаа дека го намалува холестеролот, но и крвниот притисок.

– Омега-3 масните киселини, кои се наоѓаат и во рибата, можат позитивно да влијаат на правилното функционирање на срцето. Лененото семе е исто така богат извор на омега-3 масни киселини и е одлична замена за оние кои не сакаат да јадат риба.

– Зеленчукот како кељ, брокула, зелка и бриселско зелје се богат извор на антиоксиданти кои ќе ги одржат вашите крвни садови, артерии и срце здрави.

– Освен на белите дробови, цигарите лошо влијаат и на здравјето на срцето и артериите, а дури и пасивното пушење има големо влијание врз вашето здравје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот