Кардиолог: Ако ги појадувате овие намирници ќе му наштетите на срцето
Иако социјалните медиуми честопати поттикнуваат мирен и здрав почеток на денот, утрата всушност се хаотични и зафатени за повеќето луѓе. Сепак, постои добра причина да се забави темпото и да се започне денот на здрав начин – вашето срце. Имено, некои вообичаени утрински навики, како што е изборот на појадок, можат да влијаат на неговото здравје на долг рок. Ако вашиот појадок содржи многу скриен натриум, можеби ненамерно го нарушувате здравјето на вашето срце, предупредува кардиологот д-р Роберт Сегал за „Итинг вел“ (EatingWell).
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Натриумот се наоѓа не само во очигледно солена храна, како што се сланина и колбас, туку и во оние што немаат изразен солен вкус, како што се лебот, колачите и мафините. Со оглед на тоа што кардиоваскуларните заболувања се причина за секој втор смртен случај во Македонија, според податоците од Институтот за јавно здравје и други извори, вреди да се размисли што ставаме на чинијата пред да ги започнеме нашите дневни обврски.
Како појадокот богат со натриум е штетен за срцето?
Прекумерниот внес на натриум доведува до задржување на течности во телото, го зголемува крвниот притисок и го зголемува ризикот од срцева слабост. Студиите покажуваат дека луѓето кои јадат храна богата со натриум имаат 19 проценти поголем ризик од кардиоваскуларни заболувања. Вишокот сол го оптоварува системот што го регулира крвниот притисок и го тера срцето да работи понапорно. Повеќето луѓе консумираат повеќе од 3.300 милиграми натриум дневно, иако се препорачува не повеќе од 1.500 милиграми за оптимално здравје.
Премногу заситени масти
Ако сланината или колбасот се вашиот омилен појадок, не само што консумирате премногу натриум. Овие намирници содржат и заситени масти, кои го зголемуваат холестеролот, што е двоен удар за срцето. Една студија покажа дека јадењето само 150 грама преработено месо неделно може да го зголеми ризикот од сериозни срцеви заболувања за дури 46 проценти. Наместо тоа, подобар избор се јајцата, незасладениот јогурт, урдата со ниска содржина на натриум или туната.
Ризик од дијабетес тип 2
Луѓето со дијабетес имаат двојно поголем ризик од срцеви заболувања бидејќи високиот шеќер во крвта ги оштетува крвните садови. Одржувањето стабилни нивоа на шеќер во крвта е од суштинско значење за заштита на вашето срце. Но, проблемот не доаѓа само од слатките. Истражувањата покажуваат дека исхраната богата со натриум го зголемува и ризикот од дијабетес. Една студија покажа дека луѓето со највисок внес на сол имаат 80 проценти поголем ризик од развој на дијабетес тип 2.
Недостатиг на влакна
Влакната се неопходни за здраво варење, но исто така и за намалување на ризикот од срцеви заболувања и дијабетес. Се наоѓаат во овошјето, зеленчукот, интегралните житарки и јаткастите плодови. Преработеното месо, како што се сланината и колбасот, воопшто не содржи, а многу печива имаат многу малку. Растворливите влакна се особено корисни, бидејќи помагаат во отстранувањето на холестеролот од телото. За појадок богат со влакна, изберете овесна каша и овошје како што се јаболка, круши или банани.
Утрински навики за здраво срце
Намалувањето на внесот на натриум е одличен почеток, но постојат и други навики што вреди да се усвојат:
Хидратација: Пијте чаша вода пред кафето. Дури и благата дехидратација може да предизвика оптоварување на вашето срце.
Внесете влакна: Јадете најмалку 5 грама влакна за појадок. Тие помагаат во намалувањето на холестеролот и го поддржуваат здравјето на дигестивниот систем.
Квалитетни протеини: Консумирањето од 20 до 30 грама протеини помага во стабилизирање на шеќерот во крвта и го продолжува чувството на ситост.
Без додаден шеќер: Премногу шеќер го зголемува ризикот од мозочен удар и срцева слабост. Пронајдете сладост во свежото овошје.
Вежбајте: Само 10 до 15 минути утринско одење или истегнување може да го подобри крвниот притисок и холестеролот.
Време е за опуштање: Дури и само една минута длабоко дишење може да го намали стресот, а со тоа и оптоварувањето на срцето.
Сончева светлина: Кратка прошетка на утринска светлина може да помогне во намалувањето на крвниот притисок.
Редовното консумирање појадок богат со натриум може сериозно да го наруши здравјето на срцето. Ваквата храна го зголемува крвниот притисок, го зголемува ризикот од дијабетес и често не содржи влакна. Наместо тоа, изберете појадок богат со растителни влакна и посни протеини и усвојте здрави утрински навики. Ова ќе го зачува здравјето на вашето срце.


