Караманлис: Со потпишување на Преспанскиот договор не се добива автоматски билет за ЕУ

Поранешниот грчки премиер Костас Караманлис на вчерашното негово обраќање на одбележувањето на 80-годишнината од Здружението за македонски студии во Солун изјави дека потпишувањето на Преспанскиот договор не значи автоматски добивање билет за влез во Европската Унија.

Грција, според него, не успеала да ја искористи ситуацијата која тој ја креирал кога во 2008 година ставил вето за влез на Македонија во НАТО.

– Можевме да бараме и да постигнеме многу повеќе. Неодамнешните случувања потврдија дека другата страна има голема желба да се приклучи на НАТО и ЕУ и имаат да докажуваат уште многу работи. Сè на сè, се гледа дека нивните проблеми се многу поголеми отколку проблемите со Грција. Не смее да се претпоставува дека со потпишување на Преспанскиот договор, автоматски се добива билет за Европската Унија – порача тој вчера во Солун.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот