Тања Каракамишева, Фото: МИА

Каракамишева ќе го советува Мицкоски за човековите права, вети „работа и резултати“

Професорката од Правниот факултет, Тања Каракамишева, на „Фејсбук“ објави дека премиерот Христијан Мицкоски ја ангажирал како советничка за човекови права и владеење на правото.

Каракамишева напиша дека довербата што ѝ ја дал премиерот, лидер на ВМРО-ДПМНЕ и нејзин колега-универзитетски професор била резултат на нивната „повеќегодишна соработка“.

„Со голема чест и задоволство објавувам дека сум ангажирана за Советник од областа на човековите права и владеењето на правото од страна на Претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски. Голема благодарност за дадената доверба која е плод на нашата повеќегодишна соработка.Голем предизвик и одговорност е да се биде советник за најчувствителната правна материја која ги опфаќа сите материјални и формални аспекти на македонскиот систем, но и меѓународната позиција на човековите права и владеењето на правото. Ветувам голема посветеност и професионалност во извршувањето на доделените обврски, но и многу повеќе од тоа. Ветувам работа и резултати! 📚✔️🇲🇰, пишува професорката во објавата.

Последно да му е, Мицкоски нема намера да менува Устав

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот