Каракачанов: Петков подготвува национално предавство во однос на С. Македонија

Красимир Каракачанов / Фото: Скриншот

Почесниот претседател на ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов во изјава за бугарските медиуми вели дека дел од власта, предводена од Кирил Петков и „Ја продолжуваме промената“ се подготвува да изврши национално предаство во врска со политиката на Софија кон Северна Македонија.

„Има одлука на бугарската влада од 2019, 2020 година – одлука на Советодавниот совет до претседателот, има одлука на истата ЦСНС од оваа година и таму нашиот став е јасен – компромиси на тема Македонија не се прават додека не се промени политиката на Скопје кон Бугарија“, потенцираше бугарскиот политичар.

Според Каракачанов, Петков има превземено обврски и моментално тој се обидува да го направи ова национално предавство за да го оправда тоа што некој го извади од никаде и го направи премиер на Бугарија.

„Очекувам општеството да биде малку покритично“, рече Каракачанов.

Во меѓувреме, европратениците од редовите на партиите ГЕРБ и БСП, Андреј Новаков и Цветелина Пенкова излегоа со свои ставови околу тоа дали треба да се укине ветото за С. Македонија и почетокот на преговорите со Европската унија. И двајцата се согласија дека секоја одлука треба да биде во бугарски интерес.

„Некои им ветија вакво нешто на своите колеги од С. Македонија. Сè води во одбраната насока и се надевам дека тоа не е вистина. Немаме јасно побивање дека тоа нема да случи.“ изјави Новаков за БНТ.

Според него, што и да прави владата, ќе има гласање во Европскиот парламент и тој ќе се сети дали некој од другата страна на границата го нарекол „татар и фашист“, пренесува Факти.бг

„Нашите сонародници од С.Македонија ги доживуваме како браќа, а не нарекуваат фашисти. Северна Македонија треба да се однесува како кандидат за ЕУ, а не Бугарија“, вели Новаков.

Според пратеничката на БСП, Цветелина Пенкова, во моментов се водат преговори со С. Македонија и се работи на донесување одлука која ќе биде од корист за двете страни. Нема да се донесе одлука која не е во интерес на Бугарија, увери таа и додаде дека нема промена во бугарскиот став по ова прашање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот