Изгорената дискотека „Пулс“ во Кочани / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Карадакоски бил еден од најкритичните пациенти со 40 проценти изгореници на телото

Александар Карадакоски, 60-тата жртва во пожарот во дискотеката „Пулс“, имал 40 осто изгореници на телото. Како што информираше министерот за здравство, Арбен Таравари, Карадакоски бил на дијализа и од 1 април му се влошила состојбата со бубрезите, додека се лекувал во Литванија.

– Подолго време беше во критична состојба. Остануваат уште три или четири пациенти кои се критични, и се надеваме дека другите нема да завршат со фатален епилог. Пациентот имаше инфекција поради огромната површина на раните на телото – изјави Таравари.

Карадакоски е управител на фирмата „МММ Кафе“ ДООЕЛ – којашто управувала со дискотеката „Пулс“ во Кочани, но работел како шанкер во дискотеката, а вистинскиот сопственик е Дејан Јованов-Деко.

Денеска во 13 часот, состанок ќе одржи и Кризниот штаб, а во 13:30 најавена е прес-конференција на министерот Таравари.

Фалсификуваната лиценца за „Пулс“ на една адреса, а пазарната инспекција одела на друга

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот