Капитенот Рис Џејмс потпиша нов договор со Челси
Англискиот фудбалски клуб Челси денеска официјално објави дека капитенот на екипата, Рис Џејмс (26), го продолжи договорот до 2032 година.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Договорот го зацврстува статусот на дефанзивецот како еден од најважните играчи во модерната историја на „Сините“.
Патувањето на Џејмс во Западен Лондон започнало кога имал само шест години. Откако поминал низ сите нивоа на академијата во Кобал, тој стана вистински симбол на клубот.
До денес, Рис има над 200 настапи за првиот тим и пет големи трофеи, вклучувајќи ја Лигата на шампионите (2021) и двапати Светското клупско првенство. Во повеќе од 50 натпревари за Челси, тој беше капитен на тимот.
– Пресреќен сум! Челси ми значи толку многу. Секогаш велев дека сакам моите најдобри години да бидат тука. Верувам дека имаме сè што ни е потребно за да градиме врз нашите претходни успеси и да кренеме уште многу трофеи заедно – изјави Џејмс за официјалната веб-страница на „Сините“ од Лондон.
Reece James signs a new Chelsea contract until 2032. 💙
— Chelsea FC (@ChelseaFC) March 13, 2026
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2мин
-
40мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


