Капитенот на Бразил е во депресија по елиминацијата на Мундијалот
Тијаго Силва, капитенот на Бразил и натаму не може да се „соземе“ после елиминацијата на неговата селекција.
Препорачано
За Силва ова веројатно беше последниот Мундијал во кариерата, и ја нема освоено титулата, иако на ова СП беше можеби голем фаворит за шестата шампионска титула.
Меѓутоа на нивниот пат застана Хрватска која преку пенали успеа да ја елиминира селекцијата на Бразил, и да ја сопре уште во 1/4 финалето.
Осамен и тажен бил капитенот Силва, кој и натаму не може да разбере што се случило. Видеото како е тажен го објавила неговата сопруга Изабела да Силва.
„Ваков е веќе со денови. Сам во тишина, размислува само Господ знае за што“, напиша таа.
Esposa de Thiago Silva posta vídeo do jogador sozinho, refletindo:
“Tem sido assim. Ele fica sozinho, calado, pensando sabe Deus em quê.”
? Reprodução pic.twitter.com/ophh9m2gIO
— Planeta do Futebol ? (@futebol_info) December 11, 2022


