Канје Вест ѝ се извини на еврејската заедница на хебрејски: Посветен сум да работам на себе

Фото: ThatDancer/SBJ / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Покрај сите контроверзии околу ставовите на Канје Вест, тој конечно се извини за неговите антисемитски испади.

Раперот рано во вторникот ѝ се извини на еврејската заедница за неговата серија „ненамерни“ антисемитски „испади“, пишува „Пејџ сикс“.

Канје ја сподели пораката, која беше целосно напишана на хебрејски, на Инстаграм во последните часови од Божиќ.

„Искрено и се извинувам на еврејската заедница за секој ненамерен испад предизвикан од моите зборови или постапки, не ми беше намера да повредам или непочитувам, и длабоко жалам за каква било болка што можеби сум ја предизвикал“, гласеше пораката на Вест, преведена од хебрејски.

„Посветен сум да започнам од себе и да учам од ова искуство за да обезбедам поголема чувствителност и разбирање во иднина“.

Вест (46) ја заврши својата белешка велејќи дека неговото простување е „важно“ за него и дека е „посветен на поправки и промовирање единство“.

Тој отиде до таму што изразуваше поддршка на Адолф Хитлер, што доведе до тоа да изгуби голем број профитабилни договори и да биде отфрлен од неговите агенција.

Актот на помирување на Канје следи по неговата најнов антисемитски испад во Лас Вегас на почетокот на овој месец, во кој тој зборуваше за Доналд Трамп, Исус и Адолф Хитлер.

„Ние сме 60 милиони во Америка, 60 милиони Евреи во светот“, врескаше тој во видеото до кое дојде „ТМЗ“.

„Кој сепак ќе ги направи болниците? Тој е ционист, Трамп. Ова се обидов да ви кажам. Исус Христос, Хитлер, јас, трета страна, спонзорирајте го тоа“.

ВИДЕО | Бјанка Ценсори ужива во валкан танц со пријателка: Реакцијата на Канје е хит

Поранешен вработен го тужи Канје Вест: „Сакаше да ме убие, условите беа невозможни“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот