Канје се заканува, Кардашијан негира: Дали постои и втора секс снимка од Ким со Реј Џеј?

ким кардашијан реј џеј
Фото: Profimedia

Ким Кардашијан негира дека постои втора секс снимка со неа и Реј Џеј, откако нејзиниот отуѓен сопруг Је (порано познат како Канје Вест) рече дека одзел лаптоп со таква снимка од пејачот.

Претходно оваа недела, за време на едно интервју со Џејсон Ли од „Hollywood Unlocked“, Је рече дека извадил лаптоп со снимки од Кардашијан Вест и нејзиното поранешно момче Реј Џеј.

„Отидов и сам го земав лаптопот од Реј Џеј таа вечер. Го сретнав овој човек на аеродромот, потоа останав буден цела ноќ, се вратив и ` го доставив во 8 часот наутрo“, рече Је за време на интервјуто.

ким кардашијан реј џеј
Фото: Profimedia

Вест исто така рекол дека на неговата отуѓена сопруга толку ѝ олеснило откако го вратил лаптопот што таа се расплакала.

„Таа плачеше кога го виде. Знаете зошто плачеше кога го виде на лаптопот? Затоа што покажува колку е искористена“, рече тој.

ким кардашијан реј џеј
Фото: Profimedia

Меѓутоа, во изјавата добиена од различни медиуми, вклучително и списанието „People“, претставник на Кардашијан го негираше постоењето на втора секс снимка.

„По прегледот, немаше ништо невидено сексуално, само снимки во авионот на пат за Мексико и снимки во клуб и ресторан на истото патување. Ким останува цврста во своето верување дека не постои нова втора снимка. По 20 години, таа навистина сака да продолжи од ова поглавје со фокусирање на позитивните работи што продолжува да ги прави како мајка, претприемач и се залага за правда и реформи“, се вели во соопштението.

ким кардашијан реј џеј
Фото: Profimedia

Оригиналната секс снимка со Кардашијан и Реј Џеј беше снимена додека парот се состануваше во 2003 година, а излезе во јавност во 2007 година, токму кога семејството Кардашијан го пушти во етер своето реално ТВ шоу „Keeping Up With The Kardashians“. Реалити ТВ ѕвездата постојано разговараше за влијанието на објавувањето на секс снимката врз нејзиниот живот.

„Се трудам да не се каам, но веројатно тоа е единственото нешто што посакувам да не постои. Ако можам да избришам нешто од глупавите работи што сум ги направила во животот, веројатно тоа е тоа. А тоа е повеќе од тоа што сум мајка“, изјави Ким за време на повторното шоу за „Keeping Up With The Kardashians“, кое се емитуваше кон крајот на минатата година.

Кардашијан – која поднесе барање за развод од Канје во февруари 2021 година по седум години брак – неодамна беше поврзана со комичарот и актер Пит Дејвидсон. Спротивно на тоа, актерката Џулија Фокс – која е најпозната по нејзината улога во филмот на браќата Сафди „Uncut Gems“ – јавно ја потврди својата врска со Је во неколку блог постови за магазинот „Interview“.

EPA
Фото: EPA/JASON SZENES

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот