Кандидатот за премиер на Бугарија, Пламен Николов ги презентира имињата на министрите во предлог – кабинетот на „Има таков народ”

Кандидатот за премиер Пламен Николов на новинарите во Националното собрание им ги претстави имињата на министрите во предлог -кабинетот на „Има таков народ”, по   средбите со „Стани БГ! Доаѓаме!”, „Демократска Бугарија” и „БСП за Бугарија”.

Петар Илиев е предложен за министер за внатрешни работи, Георги Георгиев за министер за регионален развој и јавни работи, а Ради Најденов е предложен за на чело на Министерството за надворешни работи.

Теодора Генчовска е номинирана за министер за одбрана, Пламен Данаилов за министер за финансии, Теодора Пенева за министер за труд, социјална и демографска политика, Пламен Абровски за министер за земјоделство.

Александар Николов е кандидат за министер за енергетика, Силви Кирилов – министер за здравство.

Момчил Иванов е номиниран од ИТН за министер за правда, Гроздан Караџов – за министер за транспорт, Десислава Димитрова е кандидат за министер за економија.

На Радостин Василев му се предлага да раководи со Министерството за млади и спорт, Силвија Бакарџиева – Министерството за животна средина и вода и Георги Султанов – Министерството за култура.

ИТН го номинира Ивајло Кожухаров за министер за туризам, Велислава Петрова за министер за образование, наука и иновации.

Антонија Валентинова е предлогот за министер без ресор за ромски прашања, а вицепремиерите во кабинетот подоцна ќе бидат објавени

 

Видео на денот