Канатларовски: Да извлечеме поуки од претходниот циклус, се надевам новата генерација ќе има поголеми успеси

Нов почеток за фудбалерите и селекторот Драги Канатларовски /Фото: ffm.mk

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година неславно ги заврши квалификациите за пласман на ЕП 2023 година, со убедлив пораз од Украина (0:4) и го освоија претпоследното петто место на табелата во групата Х.

Но, младите фудбалери не завршуваат со активностите, тие треба да одиграат два пријателски наптревари против селекцијата на Босна и Херцеговина.

Првиот контролен натпревар ќе се игра на 10. јуни на стадионот „Ѓорче Петров”, а вториот е закажан за два дена подоцна на тренинг центарот „Петар Милошевски”.

– Имаме нова генерација на млади фудбалери која поседува квалитет, почнуваме да ја подготвуваме за следниот квалификациски циклус што почнува во март. Треба да извлечеме голема поука од претходниот циклус. Да корегираме сè што беше негативно, а позитивните работи да ги прифатиме и да продолжиме со напорната работа. Се надевам дека новата генерација ќе има поголем успех од претходната. Повеќето фудбалери ги имаат поминати сите млади селекции на Македонија, се познаваат добро, што е добар знак пред почетокот на квалификацискиот циклус. Од старт почнуваме заедно, се надевам дека ќе имаме успешни квалификации – вели селекторот на младата репрезентација, Драги Канатларовски.

Канатларовски за претстојните натпревари со БиХ ги повика фудбалеритe кои ќе имаат право за настап во следниот квалификациски циклус што почнува во март идната година.

Голмани: Марко Алчевски (Борец), Иван Николовски (Беласица), Стефан Митрев (Академија Пандев),

Одбрана: Антонио Јанкуловски (Вастра Фролунда, Шведска), Анатолиј Петејчук (Победа), Аган Мјаки (Гронинген, Холандија), Мартин Величковиќ Радуловиќ (Слован Братислава, Словачка), Виктор Крстевски (Гостивар), Андреј Стојчевски (Жилина), Имран Фетаи (Гостивар), Кристијан Тасевски (Аугзбург, Германија), Стефан Деспотовски;

Среден ред: Алекс Златков (Триглав Крањ), Димитар Тодоровски (Работнички), Иван Николов (Вардар), Александар Коцев (Брегалница), Лука Станковски (Газиантеп), Берат Калкан (Касимпаша, Турција), Бехар Фета (Воска), Данаил Тасев (Тиквеш), Дашмир Елези (Шкендија);

Напад: Луан Абази (Вил, Швајцарија), Арда Окан Куртулан (Фенербахче, Турција), Методи Максимов (Работнички), Марио Илиевски (Септември, Бугарија);Драги Канатларовски, селектор на репрезентацијата на Македониа до 21 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот