Канадери учествуваат во гаснење на пожарот кај Опеница (ВИДЕО)

фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Канадери цело попладне го надлетуваат Охрид, пренесува ОхридЊуз.

Овие специјални летала учествуваат во гаснењето на пожарот што веќе втор ден беснее помеѓу селата Опеница и Косел. Тие полнат вода од Охридското Езеро која ја испуштаат врз пламените јазици кои ја голтаат боровата шума во месноста Јасика.

Во насока на ставање на состојбата под контрола претпладнево заседаваше Кризниот штаб на општина Охрид кој утврди мерки и понатамошни чекори кои се преземат со цел што поскоро да се совлада огнената стихија.

Пожарот меѓу селата Косел и Опеница избувна вчера попладне. Пожарникарските екипи веднаш излегоа на терен, но станува збор за непристапен терен.

Чадот од пожарот синоќа го прекри Охрид, каде силно се чувствуваше непријатен мирис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот