Канада го прогласи Движењето „Прауд Бојс” за терористичко

Фото: EPA-EFE/DAVID ODISHO

Канада го додаде Движењето „Прауд Бојс” и уште 12 други групи на списокот на терористички организации, соопшти канадското Министерство за јавна безбедност.

Речиси сите членови на движењето се во САД, но основачот е од Канада.

– Тоа е неофашистичка организација што прибегнува кон политичко насилство и чии членови делат мизогинистички, исламофобични, антисемитски, антиимигрантски идеологии или идеологија на надмоќ на белата раса, додаде канадското министерство.

„Прауд Бојс” јасно ја изразија својата поддршка за Доналд Трамп и честопати се појавуваа вооружени на митинзите за негова поддршка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот