Ќамили: Mладите во Движењето БЕСА имаат целосен опсег на дејствување

Алби Ќамили, претседател на Форумот на Движењето Беса вели дека младите во Движењето БЕСА имаат целосен опсег на дејствување.

– Структурата на Движењето БЕСА, почнувајќи од неговите ограноци до највисоките тела, Претседателството и Централното собрание, главно ги сочинуваат луѓе на млада возраст. Самиот факт што сме застапувани во извршната власт од млад министер го докажува ова, соодветно министерот Арјанит Хоџа е еден од најмладите министри во овој владин кабинет, додека раководните позиции кои се управувани од Движењето БЕСА се составени од членови со просечна возраст од 28 години. Ова покажува дека младите во Движењето БЕСА имаат целосен опсег на дејствување, па дури и се учесници во дизајнирањето на програмата и изборната платформа. Во однос на изборната трка, апсолутно е дека младите имаат право да учествуваат во трката, па дури и овој елемент е охрабрен од самиот преседател на партијата и другите партиски тела – изјави Ќамили за „Слободен печат“.  

И од ДУИ на Али Ахмети велат дека нивната партија отсекогаш била отворена за нови кадри. Од таму додават дека од форумот на млади, произлегуваат и познати имиња на градоначалници и министри.

-ДУИ отсекогаш давала простор на младите. Имаше градоначалници, заменици министри, па дури и министри од Младинскиот форум. Да не набројуваме директорските места и други позици… Во овој дух ќе биде во иднина визијата на ДУИ за младите –  велат за „Слободен печат“ од Младинскиот Форум на ДУИ.

Ајдини: Во Алијанса за Албанците има натпревар меѓу генерации

a-albanczite-ima-natprevar-megu-generaczii/

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот