Ајдини: Во Алијанса за Албанците има натпревар меѓу генерации

Омер Ајдини, претседател на Младинскиот форум на Алијансата за Албанците во изјава за „Слободен печат“ вели дека во неговата партија има разлики меѓу генерации, но и генерациски натпревар.

– Разлики меѓу генерации има и тоа е повеќе од нормално, но јас не би рекол дека имаме натпревар меѓу генерации затоа што во Алијансата за Албанците, за разлика од другите партии, постои промладински дух и ова овозможува неспоредливо поголем простор за делување на младите луѓе. Ова може да се види од појавата на медиумите, организацијата на политички активности, но и застапеноста во институциите, каде што на пример најмладиот пратеник во Собранието на Северна Македонија е од нашите редови. Со статутот на партијата, Претседателот на Младинскиот форум автоматски е член на Централното и претседателство на партијата, а покрај тоа постои подготвеност да се зголеми бројот на членови на Форумот на млади кои ќе бидат дел Централно претседателство. Затоа младите секој ден се приближуваат и се приклучуваат на Младинскиот форум на Алијансата за Албанците – изјави Ајдини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот