Камерун е прв полфиналист на Африканскиот куп на нации

Токо Екамби ги постигна двата гола за Камерун во триумфот над Гамбија/ фото: EPA-EFE/Gavin Barker

Фудбалската репрезентација на Камерун обезбеди пласман во полуфиналето откако со 2:0 ја совладаа Гамбија.

Камерунците отпорот на противникот го скршија дури во второто полувреме, а двата гола беа дело на фудбалерот на Олимпик Лион, Токо Екамби во 50 и во 57 минута.

Камерун пред своите гледачи е во лов на шестата титула на Африканскиот куп на нации, а во полуфиналето ќе игра со победникотод дуелот Буркина Фасо – Тунис.

Утре ќе бидат познати и останатите два полуфиналисти, откако своите во четвртфиналето ќе се сретнар Египет – Мароко и Сенегал – Екваторијална Гвинеја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот