Камерите на „Сејф сити“ фатија нов рекордер: возач летал со 231 километри на час
Полицијата соопшти дека системот „Сејф сити“ регистрирал нов рекорден случај на брзо возење – 231 километар на час на скопската обиколница на 1 декември.
Препорачано
Началничката на Секторот за сообраќајни работи, Маја Арсовска-Манов, во гостувањето на ТВ Телма изјави дека системот „Безбеден град“ веќе е целосно оперативен на територијата на Скопје и наскоро ќе се прошири во Куманово и во Тетово, а од следната година и на национално ниво.
Камерите до крајот на годинава се шират во нови „безбедни градови“
Арсовска-Манов напомена дека засега нема комплетна статистика, бидејќи секојдневно пристигнуваат пријави за дефекти и екипите веднаш реагираат на терен. Таа додаде дека ќе биде потребно време за да се направат точни анализи и да се утврди реалниот ефект од системот.
Во првите 24 часа „Сејф сити“ регистрирал 110.000 прекршоци, а веќе следниот ден бројката се преполовила на 50.652, што покажува дека возачите почнуваат да го приспособуваат однесувањето. Најмногу прекршоци за брзо возење се забележани на излезот од Скопје кон Тетово, 4.300 прекршоци, и на булевар „Никола Карев“, 3.000 прекршоци.
Мицкоски: Ја поддржувам примената на „Безбеден град“ и негово проширување низ цела Македонија
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
4час
-
4час
-
4час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


