Камала Харис жестоко против Трамп: Влезе во војна во која го вовлече Нетанјаху
Поранешната потпретседателка на САД, Камала Харис, изјави дека претседателот Доналд Трамп бил „вовлечен“ во војна со Иран поради одлуките на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Тој влезе во војна во која го вовлече Биби Нетанјаху, да бидеме јасни за тоа, тој влезе во војна која американскиот народ не ја сака и со тоа ги стави американските војници во опасност, рече таа за време на говорот во Детроит.
Таа го обвини Трамп дека ја користи воената операција „Епски бес“ како „слаб обид да го одвлече вниманието од досиејата на Епштајн“, пренесува „Индекс.хр“.
Харис ја нарече администрацијата на Трамп „најкорумпираната, најбездушна и некомпетентна во историјата на САД“. Таа тврдеше дека Трамп сака „да се шета како да е силен и да ја користи воената моќ на Америка против секој што ќе го избере“.
Овој претседател е првиот американски претседател од која било партија по Втората светска војна кој ја напушти одговорноста на Америка да ги негува и заштитува нашите сојузи и пријателства, предупреди таа.
Харис, исто така, истакна дека Трамп е првиот претседател кој „веќе не се преправа, туку отворено ја отфрла важноста на почитувањето на меѓународните правила и норми како што се суверенитетот и територијалниот интегритет“. Поради ова, според неа, САД станале „несигурен партнер“ и „го изгубиле влијанието што го имале во дискусиите за важни прашања“.


