Калараш:  Во Вардар повеќе не дознат платите

Вардар утре ја започнува новата сезона во ракометната Лига на шампиони. „Црвено-црните“ му гостуваат на Мешков Брест.

Екипата на Вардар утре започнува ново поглавје во ракометна Европа, во новата сезона велгува со нов тим и ново раководство. Сергеј Самсоненко под чие водство Вардар освои две титули во ЛШ си замина од екипата, а на челното место се врати Михајло Михајловски со што клубот се стабилизира на финансиски план.

Токму тоа е најголемата новина во новата сезона за вардарци, а за тоа зборуваше специјалистот за одбрана, Глеб Калараш во интервју за „Брз центар“.

Сега, финансиските обврски клубот ги извршува во целост и навремено. Но, сметам дека ситуацијата во овој момент не е така комплицирана како во претходните сезони. Во клубот нема скапи играчи, а договорите на ракометарите се намалија секаде, поради кризата предизвикана од коронавирусот – вели Калараш.

Прочитајте и...  Проблеми за Премиер лигата, десет случаи на коронавирус

Во Вардар летово пристигнаа девет нови ракометари (Кантрегел, Јотиќ, Гаџа, Талески, Вујин, Јагуриновски, Векиќ, Валчак, Георгиевски) со што е потребно време екипата да се воигра и поради тоа тренерот Стевче Алушовски се обидува да го задржи стилот на игра од претходните сезони.

– Се обидуваме да се држиме на стариот стил на игра, иако тоа не е лесно. Но, и ние и нашиот тренер сфативме дека овој систем носи резултати долги години и сигурни сме дека може да донесе и сега. Само потребно ни е време за сите да се вклопиме во тој систем на игра“, вели Русинот.

Прв противник на вардарци во новата сезона во ЛШ ќе биде добро познат ривал, Мешков Брест за кого од летово настапува и вардарецот Сташ Скубе.

Прочитајте и...  Синот на Михаел Шумахер стигна и до Формула 1!

– Мешков Брест е наш познат противник, впрочем и со наши очи го гледавме на Ф4 турнирот во Задар. Го разработивме нивниот начин на игра и знаеме како треба да одиграме. Свесни сме дека оваа сезона Мешков е многу посилен за разлика од лани. Го имаат Санталов, Скубе, но сметам дека можеме да одиграме квалитетен натпревар во Брест – додава Калараш.

Прочитај повеќе

Металург ќе игра во ракометната Лига на Европа

Слободен печат

Дортмунд ги одби милионите од Јунајтед за Санчо

Слободен печат

Алкантара позитивен на коронавирус

Слободен печат

Тони Надал: За Федерер секогаш имавме план, против Новак не знавме што да очекуваме

Слободен печат

Иако загуби од Ѓоковиќ, Имер го има поенот на турнирот (ВИДЕО)

Слободен печат

Вардар повторно не игра ЛШ, одложен натпреварот и против Пик Сегед

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

КФСМ има резервен план доколку се појават проблеми со коронавирусот во мак баскетот

Зоран Спасоски

Ролан Гарос: Ѓоковиќ експресно во второто коло

Слободен печат

ВАР технологија за натпреварот Македонија – Косово

Слободен печат

ФИБА Лигата на шампионите собори рекорд стар 25 години

Слободен печат

Нови проблеми за Барселона, фантастичниот тинејџер бара десет пати поголема плата

Слободен печат

Синот на Михаел Шумахер стигна и до Формула 1!

Слободен печат