Какруки во составот на Бајиќ за натпреварот против Украина

Валмир Какруки се очекува да добие минутажа на натпреварот со Украина во Скопје/Фото: КФСМ

По доаѓањето од Сарагоса и непосредно по тренингот одработен во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, селекторот Драган Бајиќ се одлучи за една промена во ростерот.

За средбата против Украина, која ја играме во понеделник од 18.00 часот, во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, Бајиќ ќе смета и на Валмир Какруки, кој ќе го замени Виктор Ефремовски (проблеми со вирус), еден од играчите кои не добија шанса за настап на гостувањето во Шпанија.

Крилото на Работнички не е во улога на дебитант, доколку се земе в предвид дека во овој квалификациски циклус веќе доби шанса да заигра за нашиот сениорски национален тим.

Играше на двете средби против селекцијата на Грузија во кој собра четири минути.

Какруки ќе чека нова шанса да го зголеми бројот на одиграни минути за сениорскиот состав кој го финишира првиот круг од натпреварите за пласман на Светскиот Куп 2023 година.

КФСМ чести: Слободен влез за натпреварот Македонија – Украина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот