Како ќе влијае полната месечина во Рак на хороскопските знаци: Бура од емоции, но и понуди кои не се одбиваат

хороскоп
Фото: Unsplash

Месечината во полнеж ќе биде во Рак, најемотивниот знак на Зодијакот. Полната месечина ќе се случи на 19 јанари, а астролозите велат дека сите ќе ја почувствуваме енергијата од истата!

Плутон ќе донесе прилив на љубомора, па најдобро би било да се воздржиме од „контрола“ на сè. Уран и ретроградниот Меркур се во квадрат што може да доведе до одредени немири. Уран ќе извлече сè на површина заедно со ретро Меркур.

Голем хороскоп за месец јануари: Овните ќе имаат повеќе волја, Водолијата ќе освојува со својот шарм

Како оваа полна месечина ќе влијае на хороскопските знаци?

Овен

Полната месечина ви носи напредок кога е работата во прашање. Сега е идеално време да ги презентирате сите ваши идеи и планови.

Бик

Вие не сте некој кој сака промени. Сепак, сега најдобро е да ги прифатите промените што тропаат на вашата врата! Ваквите можности не се пропуштаат. Ќе бидете повеќе од задоволни.

Близнаци

Вашите финансии ќе бидат ставени во фокус со оваа полна месечина. Ќе имате малку потешкотии. Сега е време да стекнете нови навики за штедење и да се научите да живеете со помалку. Побарајте помош од пријател или семејство, имате луѓе
на кои можете да се потпрете.

Тие се посебни – на многу начини! Какви луѓе се луѓето родени на Божиќ?

Рак

Полната месечина е во вашиот знак, а со тоа дополнително ќе бидат нагласени вашите емоции, како на приватно поле, така и на деловно. Ќе бидете преоптоварени со работни обврски. Многу Ракови сакаат да стапат во брак и размислуваат да забременат. Препорачливо е да се одложи до следниот месец бидејќи Венера е ретроградна.

Лав

Доколку немате работа, сега е идеално време да се ангажирате и да ја побарате. Полната месечина ви носи соочување со самите себеси, навиките, вистинско време е да го промените начинот на живот како и исхраната.

Девица

Полната месечина ви носи нагласена потреба за љубов. Оние Девици кои се во врска ќе имаат прекрасни моменти со партнерот. Слободните пак, ќе имаат две опции или конечно ќе ја запознаат вистинската сродна душа или ќе се
вратат личност од минатото.

Ова се најсреќните денови во јануари 2022: Искористете ги за остварување на желбите

Вага

Доаѓа на ред посветеноста на вашето семејство, семејните односи и домот. Кога станува збор за домот, имате шанса да купите стан или куќа за која веќе подолго време сонувате или да го реновирате сегашниот простор токму по ваш
вкус.

Скорпија

Целата ваша енергија е насочена кон патувања. Некои Скорпии ќе одат на пократки, некои на подолги патувања. Во секој случај, не се откажувајте од оваа идеја. Ќе апсорбирате фантастична енергија и ќе ги наполните батериите!

Стрелец

Одличен период кога станува збор за работа, финансии и дополнителна работа. Ве очекува успех на сите три „фронта“. Ќе имате шанса за дополнителна работа со што ќе имате повисоки приходи, како и зголемувањето на приходите на редовна основа! Размислете добро пред да донесете одлука.

Голем неделен хороскоп (10. -16 јануари): Девиците живеат во љубовното минато, Водолиите ќе водат битка со исхраната

Јарец

Искористете го овој период пред и по полната месечина за целосно да го доведете во ред љубовниот живот. Поставете ги работите со цел да го живеете животот како да сте во сон! Ѕвездите се на ваша страна, верувајте ѝ на вашата интуиција!

Водолија

Искористете го следниот период да размислите за сите ваши планови, желби, фантазии, колку и да се нереални во вашата глава. Направете си план и верувајте во чуда. Ве очекува интересно изненадување.

Риби

Феноменален период кога е во прашање енергијата за дружба и забава. Треба да се препуштите на оваа енергија за да уживате со пријателите, саканата личност или со себе! Слободните Риби ќе запознаат личност која ветува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот