Голем неделен хороскоп (10. -16 јануари): Девиците живеат во љубовното минато, Водолиите ќе водат битка со исхраната

неделен хороскоп
Што ни предвидуваат ѕвездите за оваа недела? Илустрација: СП. / Фото: NASA, RawPixel

Погледнете што ви порачуваат ѕвездите на полето на љубовта, работата и здравјето за периодот од 10 јануари 2022 до 16 јануари 2022 година. 

Овен

Храна

Во храната треба да се ужива, но поентата не е само во вкусниот и сочен залак – вашата исхрана мора да содржи доволно витамини и минерали бидејќи сте во период кога треба да се посвети посебно внимание на имунитетот. Затоа збогатете ги оброците со свеж зеленчук и овошје.

Љубов

Обидете се да бидете добри, а особено добри оваа недела. Со тоа најпрво се мисли на зафатените припадници на знакот Овен – обидете се да не ѝ дадете на саканата личност причина за сомнеж и сомнително набљудување „под око“. Тоа не мора да значи дека правите нешто спектакуларно во тајност – можеби само почесто се среќавате со друштвото или имате поинтензивна комуникација со нив. Убаво распоредете го времето за партнерот да нема причина да почне да ве обвинува. Слободните Овни – комуникацијата со некој која започнал многу увацо – почнува да „трокира“. Малку сте збунети од развојот на ситуацијата, но сепак сѐ уште не сте подготвени да се откажете.

Работа

Неделата наречена „сè што може да се искомплицира, ќе се искомплицира“. Прво – вие не сте фокусирани, а ниту вашата организација не е одлична. Второ – како да бидете фокусирани и организирани кога стотина работи ви го одвлекуваат вниманието. Трето – договорите се забавени, се појавуваат тешкотии, сè што е поврзано со документацијата е комплицирано или мора грешките да се поправат и да се повторат. Деловниот сегмент очигледно ќе ви одземе многу енергија оваа недела. Финансии – И покрај зголемените трошоци, прилично сте стабилни кога се парите во прашање.

Здравје

Обрнете внимание на имунитетот. Можности за воспаленија, алергии, вируси. Постарите – притисок.

Бик

Храна

Ќе уживате во млечните производи, а на вашето тело во моментов најмногу би му одговарале стари, тврди сирења. Без конзервирана храна, месни преработени производи и премногу зачини. Стомакот ви е чувствителен оваа недела – проверете ја трајноста и исправноста на намирниците

Љубов

Имате поддршка од Јупитер. Тој на вас делува од полето на пријателите, шансите, иднината, исполнувањето на желбите. Бидејќи Јупитер владее со партнерската планета, која моментално е во некои бесмислени аспекти, ова можеме да го преведеме на следниов начин – партнерот можеби не го знае вистинскиот начин да ви пријде или прави погрешни потези – но очигледно е дека се труди околу вас и вие тоа го препознавате. Тоа знае и да ве изнервира и загрижи, но сето тоа некако исчезнува пред да постои љубовта што ја чувствувате. Слободните – стари, љубовни повратници, поранешни познаници. Она што е ново е чудно и не треба да брзате во тоа. Тоа не значи дека не е добро, едноставно не треба да брзате. Биди стрпливи.

Работа

Меркур во комуникација со Сатурн стои на вашето поле на кариерата и се движи ретроградно кон крајот на неделата. Оваа статика на Меркур во близок контакт со многу сериозна, но и тешка планета ни кажува повеќе работи. Прво – ако штотуку почнувате да работите по празниците – сè ќе ви биде тешко и напорно. Второ – што и да започнете оваа недела – било да е тоа договор, проект, работа, документација – тешко дека ќе можете да го завршите. Трето – сериозни разговори за вашите позиции со шефовите. Четврто – грешки.

Здравје

Претежно сѐ е во ред, но вие сте некако половични, чувствителни имунитетот ви е послаб, енергијата исто така.

Близнаци

Храна

Помалите и почести оброци повеќе ќе ви одговараат бидејќи сте во период на побавен метаболизам и отежнато варење. Лесни оброци составени од риба, пилешко, мисирка – во комбинација со свеж или печен зеленчук моментално се добар избор за вас.

Љубов

Влегувате во еден од оние периоди кога вашата планета се движи наназад. Овој пат од некои бесмислени позиции, па ви претстои недела во која сѐ ќе доживувате премногу тешко или со прекумерна нервоза. Партнерот е во својот филм и не забележува ништо од она што ве нервира и оптоварува или е во фазон – еј, лесно ќе го средиме тоа, опушти се. Можеби тој совет не е толку лош. Не земајте сè при срце, особено не навлегувајте во тешки и сложени приказни со саканата личност бидејќи не се разбирате најдобро. Слободните Близнаци – само не идеализирајте ги потенцијалните нови луѓе и сѐ ќе биде во ред. Исто така – започнувате со гледање преку рамениците.

Работа

Ќе има неколку предизвикувачки ситуации пред вас оваа недела. Малку сте изморени, истрошени, а мора да се фокусирате на обврските, договорите, соработниците, документите – не брзајте и проверувајте сѐ, бидејќи во овој период можни се грешки. Луѓето со кои работите или ви даваат половични информации или ве оптоваруваат со небитни работи, само ви носат збунетост наместо да ви олеснат. Генерално гледано – и покрај тешкотиите и компликациите, добро сте и започнувате некои сериозни деловни теми.

Здравје

Чувствителност на времето – особено кај постарите Близнаци.

РАК

Храна

Потребна ви е дисциплина кога станува збор за исхраната. Треба да избегнувате силна, зачинета и мрсна храна и повеќе да се свртите кон готвени јадења, супи. Исто така, не ја занемарувајте важноста на свежиот зеленчук – ви одговараат салати од секаков вид зачинети со маслиново масло, лимон и морска сол.

Љубов

Целата оваа недела е всушност вовед во полна Месечина во вашиот знак што ќе ја имаме на 17 јануари. Тоа значи дека во текот на неделата сѐ повеќе ќе ви се брануваат чувствата и расположенијата – ќе имате малку „борба“ со саканата личност, малку борба со околностите, а најмногу – битки со самите себе. Вашите чувства, вашето внатрешно јас – бараат промени бидејќи не се чувствувате задоволни таму каде што сте во моментот. Што и во која насока ќе менувате, на кој начин ќе се случат промените – е индивидуално. Слободните Ракови – со новите почетоци и новите емоции треба да се биде многу внимателен. Сè што е поврзано со минатото и понатаму е примарно.

Работа

Некои од вас моментално доживуваат „материјален замор“, некоја форма на исцрпеност – ментална или физичка или едноставно – немотивирана. За другите, каде што има желба и волја – не треба да избрзувате, да донесувате брзи одлуки или да се мешате во работи кои досега не сте ги направиле – затоа што има простор за грешки, погрешни проценки. Генерално – ќе има нервоза во деловниот сегмент. Можно е да бидете окупирани со оние обврски на кои не сте внимавале во претходниот период.

Здравје

Сѐ уште сте во неповолна здравствена фаза, зголемена чувствителност и намален имунитет.

ЛАВ

Храна

Влегувате во фаза кога треба да ја зајакнете исхраната, но строго да внимавате тоа да се квалитетни калории, а не оброци без ред и смисла. Здравата исхрана треба да ви биде приоритет доколку сакате да се чувствувате добро.

Љубов

Со Марс е нагласено полето на забава, уживање, страст – во голема мера ќе се поправи сѐ што ќе успеете да „расипете“ со партнерот бидејќи ќе ви даде излез – бегство од реалноста. А во реалноста – многу прашања ве чекаат вас и вашиот партнер. И ќе те сочекаат, не грижете се. Меркур кој се движи ретроградно од конјукцијата со Сатурн од вашето поле на партнерство вели дека вашата сакана личност и вие ќе мора да направите чекор назад и да го решите она што сте го турнале под тепихот. Слободни Лавови – ако сакате нови страсти, тоа можете – но не правете сериозни планови, само забавувајте се. А, сè што е поврзано со минатото – сега станува уште погласно.

Работа

Па, време е за работа – рекле Лавовите со длабока воздишка. Она што е сигурно е дека и најобичните и најмалите обврски оваа недела ќе ви бидат неизмерно тешки. Имате енергија да се забавувате, а бидејќи работата не е баш забавна – во неа ќе вложите два отсто од себе. И колку повеќе се бара од вас да бидете одговорни и посветени, толку потешко ќе ви биде. Ова не значи дека нема да ја завршите работата како што треба – ќе ја завршите, само што едноставно – на сите ви е здодевно и сè ви е тешко и сите се комплицирани и сите бараат.

Здравје

Хроничните пациенти може да имаат зголемени проблеми. Други – недостаток на енергија.

ДЕВИЦА

Храна

Слушајте ги потребите на вашето тело и обидете се да ги почитувате со квалитетна и соодветна исхрана. Јадете лесна храна со повеќе влакна, избегнувајте месни преработени производи и поголем внес на млечни производи.

Љубов

Меркур, вашиот владетел се движи ретроградно во средината на неделата, и тоа надвор од врската со Сатурн и во полето кое е врзано за обврските. Нема да имате многу време за саканата личност, а нервозата може да се засили – затоа деновиве треба да се погрижите негативноста да не влијае на вашата врска. Некои парови ќе имаат зголемен сомнеж, а сега не е време за расчистување – подобро е да се обидете да го искористите секој слободен момент за уживање и релаксација. Слободните Девици – со новите приказни треба да бидете малку внимателни и да не брзате. Љубовното минато е сè уште многу актуелно и ќе биде сѐ повеќе и повеќе како што одминуваат деновите.

Работа

Ова нагласено поле на обврски и одговорности ве доведува во ситуација да мора да го прифатите товарот на новите работи, но во исто време да започнете и да ги решавате евентуалните заостанати работи. Оваа недела може да биде малку заморна и напорна за вас, ќе ви биде потешко од вообичаено да се фокусирате и организирате. Но, она што е добро е што во овој период може да завршите со некои обврски кои ви биле многу напорни и сложени. Можете да стапите во контакт и со луѓе кои се од големо значење за вас.

Здравје

Подложност на настинки кај помладите луѓе. Постарите – проблеми со циркулацијата, притисокот, зглобовите.

ВАГА

Храна

Тешко ви е да се согласите со себе кога е исхраната во прашање. На моменти си внесувате некаков ред, а потоа целосно се опуштате и само гледате што да јадете. Сакате да воведете некои поздрави навики, но немате доволно енергија за да се посветите на тоа на долг рок.

Љубов

Малку забава и многу „морам“. Моментите на уживање се кратки (добри, и слатки), а сите други „моменти“ најмногу се вртат околу обврските – деловни или семејни, околу сериозноста и секако – вашето немање мотивација да се справите со тоа. Но морате. Партнерот, пак, се чини дека особено не ви помага или не ве разбира – но добро – повремено наоѓате слободно време еден за друг и тогаш доаѓаат тие „слатки моменти“. Кај некои парови постои можност за сомнеж и љубомора – кај некои оправдана, кај некои не. Слободните Вага – многу, многу е тешко да се појави нешто ново во овој период без да биде квалитетно и да даде можност за стабилност. Шансите за минатото и за поранешната љубов штотуку се удвоија.

Работа

Вашата волја и мотивација за работа не се многу спектакуларни оваа недела, но многу добро знаете што треба да правите и кои се вашите обврски и одговорности – и сигурно ќе бидете сериозни во врска со работата. Тоа не можеме да го кажеме за вашите колеги и соработници – тие повеќепати ќе покажат дека се недоверливи и дека не можете да се потпрете на нив. Исто така, не е добар период за започнување нови деловни договори или проекти – бидејќи тие на почетокот можат само да изгледаат ветувачки, многу брзо ќе се покаже дека не се за вас.

Здравје

Чувствителност на грлото и респираторниот тракт. Можност за алергии, хормонски дисбаланс, притисок.

СКОРПИЈА

Храна

Колку повеќе сфаќате дека треба да ја контролирате исхраната, толку почесто ви се дава можност да „грешите“. Дополнително – вашите расположенија се многу шарени оваа недела – и тие можат да бидат вашиот „мотив“ да ги „закопувате“ чувствата во храната.

Љубов

Слободните Скорпии – постои можност оваа недела толку да се занесете и да паднете во романтично расположение. Што ќе правиштесо тоа – навистина не е предвидено… Освен ако не сакате платонски или донекаде нереални приказни. Во меѓувреме – пуштете го минатото во вашите мисли и во вашата околина – е дури со ова не се знае што ќе правите. Зафатените Скорпии – вашите промени во расположението – понекогаш сте прекрасно романтични, понекогаш дури и попрекрасно љубоморни. Потоа се звљубувате во партнерот и тогаш воопшто не се разбирате. Доста сте зафатени со обврски, така што немате многу време за саканата личност.

Работа

Посветеноста на работата не е доведена во прашање, но многу работи ќе бидат поставени пред вас оваа недела. Повремено ќе имате проблеми со концентрацијата бидејќи други работи ќе ви го одвлечат вниманието – можеби оние поврзани со семејството, можеби оние поврзани со емотивниот живот. Бидете постудиозни и поорганизирани во сѐ што правите, бидејќи можни се превиди, заборавање на обврските, но и контакти со луѓе на кои не можете целосно да се потпрете. Ова не е време да брзате со какви било одлуки.

Здравје

Постарите – проблеми со притисок, чувствителност на времето. Помладите – инфекции, вируси.

СТРЕЛЕЦ

Храна

Навистина се трудите да се храните поздраво од вообичаено, но не успевате баш. Околу вас има премногу предизвици и повремено се опуштате и препуштате. Ако можете, ограничете се барем кога се во прашање слатките, конзервираната храна и зачините.

Љубов

Партнерот е малку покомплициран и има поголеми барања оваа недела. Можно е да е окупиран од деловни или некои други грижи, па тешко му е кога е во прашање комуникацијата. Може да оди од крајност до крајност – да се затвора во себе или да започнува теми кои веќе сте ги „изџвакале“ 100 пати. И вие сте окупирани со вашите грижи и обврски, така што ова може да биде постресен период за вас двајца. Погледнете низ прсти и обидете се да се усогласите и опуштите. Слободните Стрелци – влегувате во период кога минатото повторно ќе почне да се активира. Има простор и за нови познанства, флерт, комуникација.

Работа

Ве очекуваат сериозни деловни приказни и информации. А, знаете и самите – сѐ што е сериозно не може да се реши и заврши преку ноќ. Затоа, немојте да се чудите што многу работи ќе се искомплицираат, забавете го темпото. Ако имате компликации не значи дека крајниот резултат нема да биде поволен за вас. Доколку во овој период решавате некакви документации, сметајте дека е малку веројатно дека тоа ќе можете да го направите „од прва“. Имате многу обврски, па ќе ви треба целиот фокус и организација за да ги завршите навреме.

Здравје

Можни проблеми со дишните патишта. Подложност на повреди. Бидете внимателни во сообраќајот.

ЈАРЕЦ

Храна

Ако сте решиле да започнете диета, или да промените нешто во однос на исхраната – не е проблем, сега можете. Само не одете во крајности и гладувајте. Потребна ви е храна која ќе ви го стопли желудникот – супи, чорби, варива…

Љубов

Многу важни теми ќе се најдат на агендата помеѓу партнерот и вас оваа недела. Не значи дека ќе ги решите, туку ќе ги започнете. Некои од овие теми нема да бидат лесни, особено што и двајцата сте чувствителни, ранливи и навредливи во овој период – поради оваа причина треба да бидете коректни во комуникацијата, да не дозволите недоразбирањата да ескалираат и да доведат или до дискусии или да се повлечете во молк. Обидете се да си дозволите едни на други убави и опуштени моменти, обоени со интимност. Слободните Јарци – некој ви ги окупира мислите, но сепак не можете да ја „прочитате“ оваа личност. Не е важно дали е минато или нешто ново.

Работа

Оптоварени сте со некои договори, разговори или размислување како да се ставите во ситуации кои ви се важни. Ви се советува да не избрзувате и да не носите важни одлуки бидејќи сте во период кога некои ситуации и луѓе не ги гледате јасно. Не верувајте во ветувања, бидете реални и практични и не вложувајте пари, ниту во нов бизнис, ниту во развој на сопствениот – бидејќи тоа нема да ги даде резултатите на кои се надевате. Платежните трансакции и сѐ што е поврзано со финансиите е забавено оваа недела, можно е да ве очекуваат поголеми трошоци.

Здравје

Потребни се промени во исхраната. Чувствителност на абдоменот, респираторниот систем, ‘рбетот, зглобовите.

ВОДОЛИЈА

Храна

Цврсто сте решени да се ставите во ред кога е начинот на исхрана во прашање. Но, исто така – сета ваша „одлучност“ лесно исчезнува кога сте во друштво или кога ќе ви „замириса“ оно што најмногу сакате да јадете. Не знам што да ви кажам – оваа „битка“ нема да биде лесна.

Љубов

Ниту досега, вашиот емотивен живот не беше лесен, со куп планети во вашето поле на потсвест и тајни. Ова не значи дека ќе се скарате со партнерот – всушност, значи дека воопшто не сте расположени за саканата личност бидејќи имате грст ваши оптоварувања и обврски со кои треба да се справите. Партнерот е ваша поддршка во моментот, но таа поддршка е несигурна – таква каква што е, ве поддржува, но не може да ви помогне – дури на моменти можете да ја почувствувате како товар. Слободните Водолии – дури сега е навистина мала веројатноста дека нешто ново што е квалитетно може да влезе во вашиот живот. Нови подеднакво тешки и комплицирани приказни. Стари – уште потешки и уште покомплицирани.

Работа

Немојте да бидете премногу опуштени околу финансиите оваа недела – ниту кога станува збор за договори за пари, ниту заеми, ниту инвестиции, а особено не трошоците – поголема е веројатноста да го уништите вашиот паричник во голема мера отколку да заработите пари. Што се однесува до работата – ве очекуваат тешки обврски, а не сте спектакуларно расположени за работа. Грешки и повторување на ситуации се многу можни – како ништо да нема да можете да завршите „од нула“. Можеби ќе има значајни разговори, но реализацијата не може да биде сега.

Здравје

Респираторниот систем е особено чувствителен. Можност за повреди, падови. Внимание и во сообраќајот.

РИБИ

Храна

Чудна ситуација кога е исхраната во прашање. Некои од вас претеруваат барајќи утеха во храната, а други затоа што се среќни и опуштени и тогаш секој залак им е сладок. Третите се целосно без апетит. Во сите случаи поентата е иста – нема рамнотежа, сѐ оди од крајност до крајност.

Љубов

Стационарноста, потоа ретроградната природа на Меркур, која владее со вашите партнерства во вашето поле на тајни и потсвеста, а во некои комплицирани аспекти – повторно ќе предизвика чувство на незадоволство кај зафатените Риби. Јупитер во вашиот знак и ви оди и не ви оди од рака, зависи од тоа како ќе го „користите“ – ако ВЕРУВАТЕ дека сѐ е во ред, ако сте инспирирани од љубов и мотивирани – лесно ќе го пребродите ова. Но, ако премногу ги увеличувате ситуациите кои ви ги оптоваруваат умот и мозокот – многу ќе се оптоварите. Слободните Риби – има простор за значајни нови познанства, иако со побавен развој. Минатото е сè уште многу актуелно кај некои од вас.

Работа

Пред вас е недела која бара многу енергија. Сите ќе очекуваат да бидете максимално посветени на работата и обврските, а ќе бидете преоптоварени, изморени и со малку послаба концентрација. Посебно внимавајте на комуникацијата со соработниците бидејќи може да дојде до недоразбирања, а исто така внимавајте дали работите со пари или се занимавате со документи, бројки. Можно е оваа недела да добиете ветување кое е поврзано со вашата работа – ќе ви биде исполнето, но не во овој период.

Здравје

Чувствителност на респираторниот систем. Кај постарите – циркулација, притисок.

Астрологот Олга Савиќ, Venerasapapilotnom.com

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот