Како ќе изгледаат патувањата во 2021 година?

unsplash

Не толку одамна, се случуваше да посакаме да заминеме некаде, па така време на викендот веќе ги пакувавме куферите и заминувавме. Минатата година научивме многу важна лекција и веројатно никој повеќе нема да го зема патувањето здраво за готово.

Размислувајќи за 2021 година, пандемијата го менува не само нашиот избор на дестинации, туку и видот на патувањето на кое најверојатно ќе тргнеме во текот на оваа година.

Уживање во соло патување

Фото: Unsplash

Трендот на соло патување веројатно ќе добие уште поголем интензитет. Пандемијата уништи многу планови на патниците, па така многумина од нив ќе започнат соло патувања оваа година.

Интересно е што податоците на некои платформи за резервација на сместувања, покажуваат дека сега тројно повеќе патници се подготвени на соло патувања во иднина. Сите испитаници наведуваат дека во иднина сакаат многу повеќе патувања за да надоместат за се што е изгубено во текот на 2020 година.

Семејни патувања

Фото: Unsplash

Во текот на 2020 година, многу патници беа далеку од своите пријатели и семејство. Многумина сега ќе сакаат да го искористат идното патување како можност за повторно поврзување со најблиските.
Интересно е што многумина истакнуваат дека за време на пандемијата, токму разговорот со пријателите и семејството за различни дестинации бил една од главните инспирации за повторно патување.

Викенд – бегство од реалноста

Фото: Unsplash

Многу патници сè уште се чувствуваат вознемирени дека нивните идни планови за патување може повторно да пропаднат. Со самото тоа, се зголемува побарувачката за кратки патувања. Поголемиот број на луѓе во текот на оваа година сигурно ќе направат по неколку кратки паузи за патувања во споредба со тоа што го правеа во 2019 година, со цел да ја намалат можноста од разочарувања. Многумина ја планираат токму викенд паузата за своите први меѓународни патувања кога ќе се укинат ограничувањата.

Патување сами – луксуз

Фото: Unsplash

Пропаднатите планови за бројни прошетки во текот на изминатата година направија да изгледа како луксуз воопшто да можете да патувате. После ваква година зад нас, ретко кој ќе го земе патувањето здраво за готово. Желбата да патуваме повторно е тука. Претходно, можеби сонувавме да се препуштиме на луксузно патување, да престојуваме во вила или хотел со 5 ѕвезди. Сега луксузот можеме да го дефинираме поинаку.

Релаксирачко патување, за да се извлечеме од секодјевнието, станува вистински луксуз во новата 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот