Како да спречите паничен напад?

Живееме со сè позабрзано темпо на живот. До тој степен да се запрашаме постои ли некој кој не користи лекови, макар на билна основа.

Антидепресивите, антианксиотициите, седативите се дел од куќната аптека на голем број луѓе. Депресијата, вознемиреноста, секојдневните стресови достигнуваат кулминација, а потоа следува она непријатно чувство кое носи паничен напд. Кој не се соочил со ова чувство, не може ниту да замсили како изгледа.

Паничниот напaд се појавува изненадно и често не се знае вистинскиот извор, а тоа може да биде сосема небитна работа. Личноста ја облева студена под, се чувствува како да ќе умре или ќе го изгуби разумот. Стравот ја преплавува „до коски“, устата се суши, се останува без воздух, срцето чука забрзано, пулсот се чувствува во петата.Колку тешко и апсурдно да звучи, во такви моменти најдобро е да го прифатите надоаѓањето на тој непријатен бран. Приредите му добредојде со насмевка. Оваа постапка тешко ќе им оди на оние кој првпат се соочуваат со овој извор во кој е акумулиран стресот. Но, важно е да знаете дека ништо лошо нема да се случи. Следно што треба да направите е да не му придавате значење. Сметакте дека тоа чувство многу брзо поминува. Насочете ги мислите на некоја случка со некој ваш пријател. Обидете се мислите да ги фокусирате на него и да ја оживеете таа случка. Доколку сте на состанок, предавање или испит , слободно напуштете го местото. Никој не ве држи присилно таму каде што сте, заминете и ќе помине.

Погледнете се во огледало, соочете се со стравот, така што ќе му погледнете в очи. Не трае повеќе од едн минута, но ви се чини цела вечност.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот