Како да си помогнете доколку имате запек

болка стомак
Фото: Профимедиа

Нутриционистите велат дека луѓето што страдаат од запек, проблемот може да си го олеснат со промена на начинот на исхрана, односно со почесто консумирање на оваа храна:

Мешунки

Овој зеленчук, кој вклучува грашок, леќа и грав, би требало да го вклучите во секојдневната исхрана бидејќи е богат со влакна, протеини, витамини и минерали. Додадете половина шолја мешунки во салатата или во супата.

Овесна каша (цели зрна)

Постои добра причина зошто треба ова жито да го вклучите во исхраната: овесот е извор на растворливи влакна, кои ја омекнуваат столицата и со тоа го олеснуваат нејзиното излегување од цревата. Целите зрна исто така содржат и нерастворливи влакна, кои ќе ја „раздвижат“ целата содржина на цревата кон надвор.

Зрнесто овошје

Овие бобинки се сметаат за суперхрана поради изобилството со антиоксиданти, но содржат и други есенцијални хранливи материи. Половина чаша капини или малини содржи околу четири грама влакна. Додајте ги во појадокот и вечерата или јадете ги самостојно.

Совет плус:

Доколку и при промена на начинот на исхрана и употреба на веќе посочената храна се уште имате проблем со редовното празнење на цревата, применувајте го трикот со суви сливи, односно 4-5 суви сливи од претходниот ден ставете ги во чаша со вода, а наредниот ден на празен стомак испијте ја водата и изедете ги сливите. Применувајте го ова се до целосно прочитување. За нормална работа на цревата и редовно празнење многу добар лек е и лененото семе, тоа треба да биде мелено за да биде поделотворно, и се пие по една супена лажица секое утро на празен стомак, растворено во чаша вода или јогурт. Оваа постапка треба да се применува секој ден.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот