Како да се заштитите од уринарни инфекции во текот на летото?

бикини

Во лето се облекуваме полесно, а кога сме на одмор поголемиот дел од денот го поминуваме во истиот костим за капење.

Уринарните инфекции напаѓаат во текот на целата година, но многу почести се во текот на летото. Постојат разни студии според кои најподложни на вакви инфекции се девојки и жени на возраст меѓу 17 и 44 години, а најчести причини за тоа се комбинацијата од дехидрирање и недоволно мокрење.

Некои луѓе се уверени дека единствен причинител е мокриот костим за капење, но тоа не е точно. Сепак, влажната подлога е идеална за развивање и размножување на бактериите кои предизвикуваат уринарни инфекции.

Она што се покажало како најчеста причина е недоволното бришење на интимните делови по користење на тоалет, но и при интензивен секс во текот на топлите денови. Ова значи дека треба да обрнете повеќе внимание на својата хигиена, но и да го предупредите партнерот за тоа.

Урината најчесто го прочистува уринарниот тракт од бактериите, но ако мочниот меур ви е полн подолго време, тие бактерии остануваат во вашето тело подолго отколку што треба.

Ноќе често одите во тоалет? Проверете дали има место за паника

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот