КАКО ДА СЕ СТОПИРА МИГРАЦИЈАТА НА РАБОТНИЦИТЕ: Европската комисија предложи нешто ново, добро за вработените

Илустрација банкомат / Фото Архива

За да се постигне оваа цел, ЕК им препорачува на земјите-членки да имаат минимална бруто-плата од 60 проценти од просечната бруто-плата, јавуваат хрватските медиуми.

Со цел да се запре преселбата на жителите од источните неразвиени земји на Европската унија во западните поразвиени, Европската комисија предложи како една мерка за усогласување на минималната плата низ Унијата.

За да се постигне оваа цел, ЕК им препорачува на земјите-членки да имаат минимална бруто-плата од 60 проценти од просечната бруто-плата, јавуваат хрватските медиуми.

Во ноември 2019 година, просечната бруто плата во Хрватска изнесуваше 7.309 куни, а просечната нето плата беше 5.600 куни. Според препораката на ЕК, минималната бруто-плата во Хрватска треба да биде 4.385 куни, а минималната нето-плата треба да биде 3.360 куни.

Од 1 јануари 2020 година, минималната нето-плата во Хрватска е 3.250 куни, или 58 проценти од просечната нето плата.

Во Македонија веќе од декември 2019 година, минималната нето плата е 14.500 денари. Во ноември 2019 година, просечната нето-плата во Македонија изнесуваше 25.787 денари, така што минималната нето-плата е пониска од предвидениот просек од страна на Европската комисија од 60% (15.472 денари).

Сепак, разликата помеѓу минималната и просечната плата (половина од вработените имаат повисока, а другата половина имаат помала од таа) во Хрватска е многу помала отколку во Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот