Фото: Maнчестер јунајтед

Како да нема крај на негативните рекорди: Манчестер јунајтед не бил олку лош повеќе од еден век

Англискиот гигант Манчестер јунајтед и во оваа сезона се соочува со проблеми кои започнаа пред 13 години, откако клубот го напушти легендарниот Сер Алекс Фергусон. „Црвените ѓаволи“ собраа огромни загуби, потрошија речиси две милијарди евра на трансфери и сменија 11 тренери, додека во претходните 121 година менуваа само 17.

Од заминувањето на Фергусон, клубот освои два ФА купа, два Лига купа и една Лига Европа, но негативните рекорди се редат недела по недела.

Последниот удар дојде по вчерашниот пораз од Брајтон во ФА Купот. Испаѓањето од двата купа, како и неучеството во европските натпреварувања, значи дека Манчестер јунајтед ќе одигра само 40 натпревари оваа сезона, најмалку уште од 1915 година, кога клубот одигра 38 натпревари. Таа сезона заврши во пролетта 1915 година, пред англискиот фудбал да биде стопиран на четири години поради Првата светска војна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот