Како да ја разубавите дневната соба со малку пари

Бидејќи дневната соба е местото каде поминуваме најмногу време, сакаме да биде што е можно поубаво и пријатно. Се разбира, често пати имаме мегаломански идеи за украсување за кои ни требаат многу пари – но изгледот на дневната соба може да се освежи дури и со мал буџет.

Постојат неколку одлични трикови за редизајн кои ќе ја направат дневната соба привлечен простор од кој нема да сакате да заминувате, пишува Тпортал.


Најважниот совет за поголема удобност е просторот да изгледа живо и реално, а не „како од каталог“ или од „Pinterest“ или „Instagram“.

Метални детали

Да, металните детали не мора да изгледаат ладно и одбивно. Што велите на за фотелја или софа со ефективни златни или бакарни детали? Таквите детали ќе му дадат посебен шарм на просторот и ќе му дадат нов сјај. Може да биде и некој украс или вазна во боја на старо злато.


Играјте со со текстурите

Прочитајте и...  Анкета: Мнозинството Германци сакаат олеснување на мерките

Перниците имаат и декоративна функција и прават чуда за секој простор, затоа слободно играјте со различни ткаенини и структури. Можете на пр. кадифени перници се комбинирате со оние од памук или свила. Важно е само тие да бидат усогласени со нијансите и да бидете сигурни дека се стилски униформирани, без оглед дали станува збор за „бохо“ или скандинавски дизајн. Одличен детаљ се и прекрасните меки ќебиња изработени од груба плетка оставени на каучот, бидејќи ќе му дадат и нов изглед на просторот.


Топли бои

Не е можно да се постигне пријатен ефект со ладни тонови, но топлите нијанси како жолтата, портокаловата и црвената даваат посебна нота на дневната соба, а со помош на такви тонови, вашиот ентериер ќе биде попријатно место. Иако, на пример, снежно белата боја е многу студена, со нејзините варијанти пример на т.н. валканата бела или бојата на лушпата од јајце ќе произведе многу попријатен ефект. Се разбира, топлите земјени тонови се најпогодни за дневната соба.


Тепих како детаљ за добредојде

Прочитајте и...  Украдените кучиња на Лејди Гага се пронајдени живи и здрави: Коџи и Густав повторно во прегратките на пејачката

Ако вашата дневна соба изгледа некако студена и празна, тепихот може да донесе некоја топлина. Но, треба да бидете сигурни дека нејзината големина е пропорционална на големината на просторијата или мебелот за да не се произведе контраефект. Размислете и за тоновите што се вклопуваат во просторот за да изгледа сè како хармонична целина.


Наполнете ја просторијата

Ако чувствувате дека нешто недостасува во вашата дневна соба и дека изгледа како да е премногу празно, решението може да биде поделба за да постигнете попријатен впечаток. Ова може да го решите со помош на неколку големи домашни растенија или умно поставени полици.


Размислете за осветлување

Прочитајте и...  ФОТО | Од затвор директно на светките модни писти: Џереми Микс со наследникот кој е негова копија

Колку повеќе светлина, толку попријатен е просторот. Затоа, секоја дневна соба не само што треба лустер, туку и неколку извори на светлина. Со неколку свеќи или светла, кои веројатно веќе ги имате, можете да создадете атмосфера во која сите ќе се чувствуваат убаво.


Деталите прават голема разлика

Дури и љубителите на минимализмот се согласуваат со мислењето дека украсите се важни на секој простор, бидејќи тие ја даваат потребната топлина и личен печат. Книги, слики, свеќи или растенија изгледаат одлично во дневната соба, затоа не бегајте од ваквите детали бидејќи тие даваат шарм на секој ентериер.

Поврзани вести

Објавена книга со нови детали за љубовната приказна на Емануел Макрон и 24 години постарата Брижит Макрон

Слободен Печат

Излезе трејлерот од интервјуто на принцот Хари и Меган со Опра Винфри

Слободен Печат

Седум добри причини да се направи ПАП-тест во време на пандемијата

Слободен печат

Доделени „Златните Глобуси“: Погледнете кој доби најмногу награди на синоќешното шоу

Слободен Печат

Дневен хороскоп за 1 март: Верувајте им на вашите емоционални инстинкти

Слободен Печат

Виц на денот: Униформа

Слободен печат

Остави Коментар