Како да ги препознаете симптомите на Кавасаки синдромот и дали може да остави трајни последици?

илустрација/Profimedia

Синдромот Кавасаки е воспаление на крвните садови, кое најчесто се јавува кај децата. Околу 75 проценти од случаите на заболувања од Кавасаки синдромот се јавуваат кај деца помлади од 5 години. Болеста е многу ретка и погодува дури меѓу 10-20 деца на 100.000 деца. Најчеста е во Јапонија, каде што тој просек е 308 на 100.000 деца помали од пет години.

„Кавасаки се јавува секоја година. Само кај мене на одделението има по 1-2 случаи месечно. Не се знае што точно го предизвикува, главно вирус, а бидејќи сега има корона, веднаш го поврзаа со тоа. Пролетта и есента се сезони кога Кавасаки се јавува како реакција на разни видови вируси. Има симтоми на вирусна инфекција по што се развива воспаление на крвните садови. Многу лесно се лекува ако се открие на време“, вели д-р Бранимир Несторовиќ за Телеграф.рс.

Со адекватна терапија повеќето деца можат да се опорават во целост.

Меѓутоа, оваа болест воедно е и водечка причина за болести на срцето кај децата во САД. Дури и меѓу децата кои се лекуваат од Кавасаки, 4-6% од нив ќе развијат аневризма на коронарните артерии – состојба која влијае на работата на срцето. Многу од овие состојби се лекуваат во наредните две години, а во ретки случаи срцевите компликации настанати поради Кавасаки синдромот можат да доведат до доживотни срцеви состојби или ненадејна смрт.

Еве кои се симптомите за кои родителите мора да знаат и детето веднаш да го однесат на лекар.

Симптомите на синдромот Кавасаки се развиваат во фази.

Првата фаза може да трае една или две недели и ги вклучува следниве симптоми:

– Висока температура меѓу 37,7 и 40 степени

– Осип по телото

– Крвави очи и многу црвен јазик

– Непријатност во устата, грлото или стомакот.

Вториот стадиум обично трае од втората до шестата недела и може да ги вклучи следниве симптоми:

– Болка во зглобовите

– Болка во стомакот

– Пролив

– Повраќање

– Лупење на кожата на нозете и на рацете

Симптомите обично исчезнуваат во рок од три месеци, но ако болеста не се лекува, децата можат да имаат сериозни компликации, а во мал број случаи може да дојде и до смрт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот