Како да ги исушите лакираните нокти за само 1 минута?

Колку пати ви се случило да ги лакирате ноктите и потоа во наредните неколку часа да не можете да сработите ништо, ние ви нудиме начин кој ќе ви помогне брзо да ги исушите.

Сигурно ќе одговорите дека не го знаете бројот. Секако, најважен фактор за тоа е квалитетот на лакот и колку слоја сте нанеле. Во оваа прилика со вас ќе споделиме природно средство кое секогаш ќе ви се најде при рака и ќе ви помогне за минута да ви се исуши свежиот маникир.

Испробајте го овој метод и исушете го лакот за нокти за помалку од една минута на брз, лесен и едноставен начин.

Потребно ви е:

  • длабок сад
  • вода
  • неколку коцки мраз

Постапка:

1. Пред да започнете да ги лакирате ноктите, во плитка чинија нанесете ладна вода и неколку коцки мраз.

2. Излакирајте ги ноктите и кога ќе завршите ставете ги прстите во садот со водата и мразот.

3. Задржете ги прстите во садот околу една-две минути, а потоа извадете ги. Лакот ќе биде супер исушен, а вашите нокти прекрасни какви што сте ги посакувале.

Напомена:

Процесот на ова сушење зависи од лакот кој го користите и од тоа колку слоеви имате нанесено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот