Како да флертувате: Важни совети за „почетници“

Да знаете како да флертувате и на вистински начин да покажете интерес кон некого, може да биде како прошетка по минско поле.

Додека некои се природно надарени за тоа, постојат и такви кои не се толку спретни кога е флертувањето во прашање, па се соочуваат со потешкотии.

Експерти за секс во врска за магазинот „Космополитан“ даваат неколку совети за тоа како да научите да флертувате:

Гледајте во нив

Експерти велат дека треба да гледате во другата страна за да го привлечете вниманието на некоја личност. Според тврдењата на центарот за истражување на социјални прашања, одржувањето на долг контакт со очите е најчестата грешка која ја прават луѓето кога флертуваат. Значи, морате да го користите погледот како средство за флерт, меѓутоа предолгото гледање предизвикува непријатност.

Користете ја насмевката

Започнете со контакт со очите за да регистрирате интерес кај некого, а потоа насмевнете се како сигнал за одобрување.

– Насмевката треба да ви е симетрична. Ако почнете да се смеете, треба малку да се наведнете и да го издолжите вратот, што е силен сигнал при флертувањето – вели Џуди Џејмс, експерт за говор на телото.

Направете лесен контакт

Можеби мислите дека дечкото/девојката чие внимание сакате да го привлечете сака да го зграбчите, меѓутоа, најсексапилните допири се често оние кои не ги очекуваме. Како што објаснуваат психолози, допирите се пократкиот пат до успехот, бидејќи сигнализираат подготвеност да се помине границата која обично ја ставаме помеѓу самите себеси и другите.

Поставете им прашање

Повеќето луѓе сакаат пренесување на мудрости и давање на совети, затоа не плашете се да прашувате. На пример, истакнете дека размислувате за промена на фризурата и прашајте ги дали подобро ви стои кратка или подолга коса. На овој начин го свртувате вниманието кон себе.

Доделете им комплимент

За да доделите комплимент потребно е да го почекате вистинскиот момент. Експерти за секс велат дека со давањето на коментари, всушност вие давате до знаење дека другата личност ве интересира сексуално, без директно сугерирање дека сакате нешто повеќе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот