Како бебе го фрлиле во контејнер, а денес е милионер – Запознајте го Фреди Фигерс! (ВИДЕО) – Слободен печат
Ви ПрепорачувамеМагазинСемејство

Како бебе го фрлиле во контејнер, а денес е милионер – Запознајте го Фреди Фигерс! (ВИДЕО)

Името Фреди Фигерс е едно од оние кои овие денови најмногу се споменуваат на социјалните мрежи, а се поради фактот дека станува збор за човек кој неговата мајка кога бил бебе го оставила во контејнер, а денес тој е на чело на компанија вредна 62 милиони долари.

Имено, тој е роден на Флорида и неговата мајка веднаш по породувањето го напуштила, а го вдомиле Нејтан и Бети Фигерс, кога бил стар само два дена.

Фреди е иноватор, поточно основач и извршен директор на компанијата „Figgers Communication” а од своето рано детство се занимава со технологја.

Имено како што пишува „Bored Panda“, Фреди на само девет години го поправил својот прв компјутер, а на 12 работел како компјутерски техничар, а три години подоцна ја основал својата компанија.

Запознајте го Фреди Фигерс…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close