Кајли Џенер ужива во есента: Најмладата милијардерка го дочека новото годишно време во бикини кое едвај ѝ ги задржа градите! (ФОТО)

Instagram
Фото: Инстаграм

Американската ријалити sвезда и инфлуенсерка Кајли Џенер (23) позираше во костим за капење „Диор“ и го запали интернетот со нови фотографии.

Имено, сезоната за сончање може да заврши, но не и за Кајли Џенер.

инстаграм

 

Најмладата милијардерка на светот објави три нови фотографии на својот инстаграм-профил на кои заводливо позира во секси бикини, а фановите останаа без зборови.

„Седми ден од есента“, напиша Кајли во описот на фотографијата на која изгледаше одлично „од глава до пети“.

инстаграм

Таа позираше на ултра голем луксузен кауч во нејзиниот дом и ги истакна сите облини на кои многумина ѝ завидуваат. Во преден план беа нејзините бујни гради и задник, а сите гледаа во тесниот струк и широките колкови. Таа носеше неутрална шминка и многу накит на себе, а долгата густа коса и падна на колковите.

Со овие три заеднички фотографии таа собра повеќе од 17 милиони лајкови на Инстаграм, а позитивните коментари од обожавателите не изостанаа.

„Изгледаш одлично сестро“, „Го сакам ова бикини на тебе, толку си убава“, „Прекрасна си, но ми се допаѓаш и поприродно, без тие силикони и инекции“, „Совршена жена“, беа само дел од коментарите на Инстаграм .

инстаграм

Инаку, неодамна беше откриено дека Кајли постојано се расправа и се помирува со своето поранешно момче Тревис Скот (28), со кого ја има ќерката Сторми, а сега излегоа на виделина некои нови информации.

„Кајли и Тревис се уште се млади и размислуваат за своите следни чекори … Кајли дефинитивно сака повеќе деца, едноставно не е сигурна дали ќе биде со Тревис, но повторно, тоа може да се случи еден ден“, откри извор близок до нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот