Кајакарите Златаров, Спасиќ и Небиовски ја потврдија доминацијата во европските купови

Македонските кајакари во Топ 3 во европските купови, Љубомир Спасиќ, Александар Златаров и Енис Небиовски/Фото: facebook

Македонските репрезентативци воедно и членови на кајак кану клубот Арка-Борец од Велес завршија со настапите на европските купови на кои успеаја да ги освојат европските купови со натпреварите и пласманите во финале најнапред во Италија и Чешка и сега на финалниот натпревар во Осилница, Словенија.

Репрезентативците со пласманот на второто место на Александар Златаров, третото место на Љубомир Спасиќ и шестото место на Енис Небиовски само ја потврдија нивната доминација на европските купови.

Во генералниот пласман за 2021 година на чело се најде Златаров веднаш зад него Спасиќ и како третопласиран Небиовски.

Со настапот на финалето од европските купови впрочем заврши и сезоната со настапи на меѓународни натпревари и им преостанува уште настапот на државното првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот