Кајакарите Гугинов и Крстева првопласирани на меѓународниот натпревар во Поградец

Младите македонски кајакари со успешна завршена меѓународна регата во Поградец, Албанија/Фото: facebook.com/arkaborec

Кајак Кану Клубот „Арка-Борец ВЕЛЕС“ објави дека имаше успешно завршена меѓународна регата во Поградец, Албанија.

На меѓународната регата во мирни води која се одржа од 12 до 14 август настапија пионерите и јуниорите на „Арка-Борец ВЕЛЕС“.

Благој Гугинов (13 години) го освои првото место во пионерска конкуренција, а првопласирана беше и Валерија Крстева (17) во јуниорска конкуренција.

Одличен успех оствари и Кристијан Лазаров (16) кој стигна до второто место во јуниорска конкуренција.

Настапија и останатите натпреварувачи во Поградец со следните резултати:

– Леон Крстев во јуниорска конкуренција во финале, четврто место.
– Андреј Апостолов во пионерска конкуренција се пласираше на петтото место.
– Филип Димитријевски во пионерска конкуренција се пласираше на шестото место.
– Лука Велковски во пионерска конкуренција се пласираше на осмото место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот