Кајакар ги пренесуваше во живо последните моменти од својот живот: Излезе на немирно море и не се врати (ВИДЕО)

– И покрај огромните напори, мажот починал на самото место, се наведува во соопштението.

Кајакарот Џереми Ворти сподели на Фејсбук две снимки во живо без да насети дека тоа му се последните зборови кои ќе ги упати до најблиските. Тој се удави само неколку часа откако тргна на пловидба со кајак во разбрануваните води на брегот на Нов Јужен Велс во Австралија.

Во 17.45 часот во саботата спедели десетминутно видео снимено од својот кајак додека се обидувал да лови риба што му било отежнато поради немирното море. На снимката изгледа дека носи елек за спасувае. Објаснува дека ја проверил временската прогноза, и дека поради тоа доцна тргнал на пат.

– Мислев дека тоа ќе биде проблем.

Нешто помалку од саат време подоцна, Ворти повторно се вклучи на Фејсбук и во живо објаснуваше како силни ветрови го фрлаат неговиот кајак лево – десно, и дека едвај успева да весла.

Ветерот бил толку силен што неговиот глас едвај се слуша на четириминутното видео, но можеше да се слушне како се расправа сам со себе во која насока му е најсигурно да тргне кон брегот.

Заводот за метерологија на Нов Јужен Велс издал предупредување за лошото време во саботата попладне, најави силен ветер кој ќе крева бранови до 5 метри.

Publiée par Jeremy Peter Worthy sur Samedi 23 mai 2020

Во неделата полицијата на Нов Јужен Велс во соопштение до медиумите извести дека 43-годишен маж е пронајден мртов на плажата Лонг и се верува дека се удавил.

Еден минувач повикал итна служба околу 12.30 часот во неделата кога го забележал празниот кајак, извести полицијата. Локалната полиција го извлекла телот на мажот од вода и се обидела да го реанимира пред да пристигне на терен итната служба.

– И покрај огромните напори, мажот починал на самото место, се наведува во соопштението.

Полицијата не го откри неговиот идентитет, но неговите последни преноси во живо се преплавени со коментари на пријатели и познаници со изрази на сочуство и жалење што не можеле да помогнат.

– Жал ми е што се изгуби и што не можев да те пронајдам. Секогаш се трудеше да им помогнеш на другите, секогаш ќе те сакаме, стои во коментарите.

Пред неговото второ вклучување на Фејсбук во живо сподели фотографија од Гугл Ерт за неговата локација.

– Сигурен сум дека тоа беше последен повик за помош. Жал ми е пријатели, требаше да ги повикаш спасувачките служби кога сам виде дека се мачиш на море среде бура. Мислев дека можеш да се снајдеш. Чувствувам вина зошто не увидов во каква тешка ситуација се наоѓаш, напиша друг пријател.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот