Каевски бара оставка на Мицкоски

Дарко Каевски
Дарко Каевски / Утрински брифинг

Пратеникот од владејачката СДСМ Дарко Каевски денеска од пред партиското седиште побара лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да си даде оставка.

После сите лаги за наводно ново парламентарно мнозинство, Христијан Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да си даде оставка. Заради желбата за власт Мицкоски седна на иста маса со политичари кои се анти НАТО и анти ЕУ, со политичари кои се против Договорот од Преспа, против Охридскиот рамковен договор, против концептот едно општество за сите. Заради пуста желба за власт, Мицкоски ги погази сите негови претходни ставои, уште еднаш се потврди дека тој нема став, дека е обичен калкулант желен за власт“, вели Каевски.

Според него, лидерот на Левица Димитар Апасиев е, како што вели, обичен поттрчко на Мицкоски.

Неуспешниот обид за создавање ново парламентарно мнозинство, покажа и дека Димитар Апасиев не е ништо друго освен обичен потрчко на Мицкоски. Стана јасно дека Левица е исто што и ВМРО-ДПМНЕ, дека Мицкоски и Апасиев се едно исто. Се што Мицкоски кажа – излажа. Дури и парламентарното мнозинство го кроеше преку лаги и измами кон луѓето со кои седеше на иста маса“, изјави Каевски.

Каевски смета дека граѓаните не сакаат политичари кои немаат став.

Мицкоски кончено треба да покаже грам одговорност и да си даде оставка. Граѓаните не сакаат и не заслужуваат политичари кои немаат став, кои едно зборуваат а друго прават. Мицкоски мора да им се извини на граѓаните за сите лаги со кои ја замајуваше јавноста, а потоа да преземе одговорност и да се повлече од политиката“, вели тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот