Кадетките убедливо поразени од Србија на стартот од ЕП Б-дивизија

Фото: fiba.basketball

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија до 16 година со убедлив пораз од дури 24:113 го започна настапот на Европското првенство Б-дивизија што се одржува во Подгорица, Црна Гора.

Кошаркарките лошо го започнаа натпреварот и по само десет минути игра беше јасно дека Србија ќе ја оправда улогата на голем фаворит.

Кадетките во првата четвртина постигнаа осум поени (8:27), но беа уште полоши во втората четвртина кога дадоа само четири поени, дури 35 помалку од противничките кошаркарки. На крајот Србија славеше со убедливи 24:113.

Во второто коло, избраничките на селекторот Даниловски утревечер (18.45 ч.) ќе играат против БиХ која во првото славеше над Ирска со 60:55.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот