Кадетите добија силни противници за Европското првенство во Скопје

Кадетите на ЕП во Скопје ќе играат против Русија, Грција и Шпанија/Фото: fiba.basketball

Македонската селекција „Под 16“ години доби исклучително тешка група за Европското првенство кое ќе се одржи во Скопје, од 12 до 20 август 2022 година. Овој настан требаше да се одржи во главниот град во 2020 година, но двапати беше одложено поради пандемијата на коронавирусот.

Кадетската репрезентација на Македонија (М16) е единствената која учествува во А-дивизијата од сите наши младински селекции. Жрепката која денеска се одржа во Фрејзинг, а на кој присуствуваше и генералниот секретар на македонската кошаркарска федерација, Владимир Георгиевски, ни донесе три високо квалитетни ривали.

Во групата „Д“ се Грција, поранешен двоен европски првак, Русија која досега четири пати играше во финалните дуели, но ниеднаш не ја освои титулата, како и Шпанија со која игравме и во 2019 година, и која заедно со Југославија се најуспешните во оваа конкуренција со пет титули и вкупно 10 медали на кадетските шампионатот, а на последните четири првенства трипати стигнаа до финалето и двапати триумфираа.

Јуниорите (М18) се чини добија најлесна група од сите наши младински селекции кои претстојното лето ќе учествуваат на европските првенства. Селекцијата која ќе настапи на шампионатот од Б-дивизијата во романскиот град Орадеа од 29 јули до 7 август, ќе биде во група со Финска, Белгија, Шведска, Австрија и Кипар, ривали против кои може да брка и највисок пласман. Оваа генерација треба да ја предводи Теодор Симиќ, па затоа и очекувањата од неа се највисоки.

https://www.slobodenpecat.mk/bg/zhenskite-mladinski-reprezentacii-gi-doznaa-rivalite-za-evropskite-kosharkarski-prvenstva/

Најискусните, М20 ќе имаат малку потешка задача бидејќи во групата е уште Грузија која секогаш е меѓу фаворитите за највисок пласман. Останатите противници се Шведска, Косово и Австрија. Оваа генерација (кошаркари родени 2002 година и помлади) е една од најсилните во македонската кошарка, лидери треба да бидат Лука Савичевиќ, Марко Миловановиќ, Андреј Андоноски и Андреј Митревски, кошаркари кои веќе имаат искуство и во сениорската репрезентација. М20 првенството ќе се одржи од 15 до 24 јули во Тбилиси, Грузија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот