Јувентус полека го составува тимот за наредната сезона

EPA-EFE/Andreu Dalmau

Две засилувања се завршени, а на добар пат е да се реализира и третиот трансфер.

„Старата дама“ вчера ја заврши работата со второто засилување за наредната сезона, Артур од Барселона. Летната сага на Артур заврши откако Бразилецот се согласи да се пресели во Јувентус каде ќе им двојно поголема плата од таа во Барселона, а Миралем Пјаниќ ќе се пресели во Шпанија.

Челниците на Јувентус во Артур гледаат долгорочно решение во средниот ред, тој добил гаранции од тренерот Маурицио Сари дека ќе биде стандарден член на првиот тим, и во Торино се убедени дека 23-годишниот фудбалер сè уште не го покажал вистинскиот потенцијал.

Претходно во зимскиот преоден рок, Јувентус го купи Македонецот со шведски пасош, Дејан Кулушевски од Удинезе, кој до пандемијата на коронавирусот, играше фантастично, а Сари очекува тој да биде големо засилување за следната сезона.

Дејан Кулушевски/EPA-EFE/CIRO FUSCO

Третото засилување за Јувентус речиси сигурно ќе биде левиот бек на Челси, Емерсон Палмиери кој би требало да го зазеде местото на Алекс Сандро.
Дилемите на Сари и на управата се кој да биде нов напаѓач, Обамејанг или Милик бидејќи за очекување е Гонзало Игуаин да биде продаден.

Емерсон Палмиери/ EPA-EFE/KIERAN GALVIN

Откако ќе биде завршено купувањето на играчи за наредната сезона, Јувентус ќе почне со продажба, а се очекува тимот од Торино да го напуштат Адриен Рабио кој пристигна минатото лето, Матија Де Шиљо најверојатно ќе се пресели во ПСЖ, а се чека понуда и за Сами Кедира кој моментно е повреден.
Исто така нема место и за Пјаца, Перин и Ругани, а сигурно е дека или Даглас Кошта или Бернадески ќе одат во Челси како замена за Палмиери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот