Јувентус е како затвор, не смеевме да зборуваме за Роналдо

фото: твитер

Кристијано Роналдо во финишот од сезоната се најде во центарот на вниманието на јавноста поради скандалот со силување на Катрин Мајорга. Бидејќи е најголема ѕвезда  на екипата и во италијанскиот фудбал воопшто, Кристијано Роналдо доби максимална поддршка од челниците на „старата дама“.

Тие им забранија на вработените но и на фудбалерите и фудбалерки на женскиот тим да зборуваат за скандалот и обвинувањата за силување. За тоа како изгледаше да се биде дел од Јувентус во тоа време, објаснува Петронела Екрот, сега веќе поранешна фудбалерка на „старата дама“.

https://twitter.com/inyoursweetys3/status/1153076569696419840

– Не смеевме да зборувавме за тоа, бидејќи веднаш не замолчуваа. Моравме да работиме за клубот и да заборавиме на се што се случуваше околу Роналдо. Моравме да бидеме тивки и не смеевме да зборуваме за тоа. Единствено што правевме тогаш беше работата во тишина. Со тек на времето ќе почнеш да мислиш дека немаш свое јас – изјави Екрот.

Токму строгиот режим во клубот по скандалот со силување, ја натера Екрот летово да ја напушти „старата дама“ и да се врати во Шведска, во екипата на Дјургарден..

– Се чувствував како да сум во затвор и не знаев што да правам. На луѓето од раководството не им одговараше тоа што јас имам свое мислење, што бев гласна кога нешто не беше во ред и се борев за тоа – дадава Екрот.

Кетрин Мајорка го обвини Роналдо дека ја силувал пред 10 години во хотел во Лас Вегас. Таквите обвнинувања, фудбалерот ги негираше но откако весникот „Билд“ го објави исказот на Португалецот во кој тој потврдува дека имал сексуален однос со Мајорга, обвинителството во сојузната американска држава Невада покрена кривична пријава против Кристијано Роналдо.

Пред два месеци се појави информација дека обвинението против Роналдо е отфрлено, но испадна дека е отфрлен случајот кој се води против него во Невада бидејќи случајот го презеде Федералниот суд на САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот