Мистер Бист / Фото: Fayez Nureldine / AFP / Profimedia

Најславниот јутјубер во светот, кој тежи 2,2 милијарди долари, шокираше со изјавата: Во минус сум, позајмувам пари

Мистер Бист (MrBeast), јутјуберот со најмногу претплатници во светот, чие вистинско име е Џејмс Стивен Џими Доналдсон, откри дека има изненадувачки малку пари на својата сметка, иако неговата нето вредност на хартија се проценува на 2,2 милијарди евра. Поголемиот дел од таа проценка доаѓа од фактот дека тој поседува повеќе од половина од неговата компанија „Бист индустрис“, која е проценета на околу 4,3 милијарди евра, пишува „Е! Њуз“.

– Малку е апсурдно да зборувам за моите лични финансии затоа што никој никогаш не верува во што и да кажам. Ми велат: „Ти си милијардер!“ А јас велам: „Тоа е само нето вредност“. Во моментов сум во минус – рекол Доналдсон за „Волстрит журнал“ во интервју објавено на 2 јануари.

– Позајмувам пари. На мојата сметка имам навистина малку. Технички гледано, речиси секој што го гледа ова видео веројатно има повеќе пари на сметката од мене – ако ја исклучите вредноста на мојот удел во компанијата. А од тој удел наутро не можам да си купам ниту „Мекдоналдс“, бидејќи тоа не е готовина – додал славниот јутјубер.

Тој претходно рекол дека има помалку од милион долари на сметката.

– Толку сум преоптоварен со работа што дури и не размислувам за салдото на мојата лична сметка. Целосно сум фокусиран на правење најдобри можни видеа и на раст на работата колку што е можно повеќе – продолжил Мистер Бист.

Иако вели дека не троши многу на себе, понекогаш може да си дозволи да потроши повеќе. Еднаш изнајмил приватен авион за да ја посети свршеницата Теа Бујсен, која ја запросил на Божиќ 2024 година.

– Таа студираше во Велика Британија и навистина сакав да ја видам – објаснил тој, истакнувајќи дека не живее во близина на голем аеродром.

– Во еден момент си реков: „О, по ѓаволите, ќе изнајмам приватен авион и ќе одлетам до неа затоа што навистина сакам да ја видам“. Да не изнајмев приватен авион, искрено, логистички тоа немаше да можам да го изведам.“ „Ми требаа околу осум часа со приватен авион, а со комерцијален лет, поради трансфери и сè друго, вкупно ќе беа околу 19 часа“, рекол тој.

Мистер Бист е американски јутјубер и претприемач роден на 7 мај 1998 година. Познат е по „блокбастер“ видеа со големи предизвици, скапи продукции и донации. Покрај содржината, тој започна и голем број бизнис проекти (на пр. брендови како Feastables и MrBeast Burger) и хуманитарната гранка Beast Philanthropy, регистрирана како непрофитна организација.

Најпопуларниот јутјубер на светот размислува да излезе на берза, неговата компанија вреди пет милијарди долари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот