Јусуфи: Реагенсите за испитување тироида не се со истечен рок

Фото: Профимедиа

Директорката на Институтот за клиничка биохемија доктор Џемиле Јусуфи за „Слободен печат“ вели дека сите реагенси што ги користат во Институтот се со валиден рок на траење, од реномирани медицински производители и пациентите кои испитуваат нивоа на хормони поврзано со тироидната жлезда не треба да се грижат дека реагенсите наводно биле со поминат рок. Информацијата беше објавена во медиумите, а објавени беа и фотографии на кои се гледаше дека рокот на реагенсите за испитување на тироидната жлезда, наводно бил месец јуни. Директорката вели дека секој можел да фотографира реагенси пред неколку месеци и фотографиите да ги праќа во медиумите сега, за да креира паника меѓу пациентите.

-Кај нас не е дојден никој да потврди таква информација која е извадена од не знам каква причина. Има институции, инспекторати и може да дојдат во било кое време да проверат било што. Кај нас толку многу се трошат реагенсите што не постигнуваат ни една недела, а не пак да траат еден месец. Цело време нашите набавки на реагенси се на месечно ниво, што значи дека нема шанси да постојат реагенси со поминат рок, вели директорката Јусуфи за „Слободен печат“.

Според неа, фотографиите се стари, направени пред месеци и испратени до медиумите подоцна за да се инсинуира непостоечки проблем.

-Во апарат го фотографирал некој рокот како што е направено, 26 јуни дека бил рокот кога истекла важноста на реагенсот а на медиумите им ги пратиле сликите месеци подоцна. Секој инспектор од Државниот здравствен и санитарен инспекторат може да дојде кај нас на самите апарати да ги провери сите датуми на сите реагенси и ќе се увери дека нема реагенси со поминат рок. Институциите нека дојдат во било кое време да проверат. Ние имаме толку многу пациенти што нема шанса да издржи реагенс толку време за да му помине рокот, вели доктор Јусуфи за „Слободен печат“.

Според неа некои вработени во институтот кој го раководи повеќе пати ја дезинформирале јавноста од непознати причини.

-Не сакаме да влегуваме во тие води има институции ако сметаат дека треба да дојдат и нека дојдат од Инспекторат повика Јусуфи.

Според неа, еднаш годишно се објавува тендер и потоа како што се трошат залихите истите се надополнуваат еднаш месечно и не постои проблем ни со рокот на реагенсите ни со количините. Во дел од медиумите беа објавени фотографии на кои се гледаа реагенси за испитување на ТСХ хормонот за тироидната жлезда во апарати на Институтот за клиничка биохемија, со датум на истек на рок во јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот